Македонија
„828 договори за проекти од вториот повик со вредност од 225 милиони евра за капитални инвестиции во општините“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во локалните самоуправи и нивниот напредок. Развиени и силни локални самоуправи се основа за развиена држава. Развиени општини се темел на развојот на држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Преку двата повици од инструментот за капитални инвестиции со поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините. За разлика од минатото сега нема фаворизирање на ниту една општина ќе се инвестира насекаде низ Македонија.
Во првиот повик беа финансирани 288 проекти за општините кои опфаќаат проекти од областа на транспортот и инфраструктура, животна средина, образованието и културата, како и спортот и социјалната политика.
Преку вториот повик од инструментот за капитални инвестиции се потпишаа договори за 828 проекти со вкупна вредност од 225 милиони.
Најголем дел од проектите, 589 се во областа на транспортот, каде ќе се вложат над 8 милијарди и 105 милиони денари, или 132 милиони евра. Ќе се инвестира во нови патишта, улици, мостови.
143 проекти се од областа на животната средина каде ќе се инвестираат над 2,4 милијарди денари преку проекти за почиста вода, канализациски мрежи, управување со отпад, нови паркови.
Во образованието 48 проекти, се вложуваат 1,6 милијарди денари за нови училишта, обновени училници, градинки. Како и во проекти од областа на културата, социјалната политика, спортот.
Преку овие инвестиции Владата го забрзува локалниот развој и активно работи на приближување на институциите до граѓаните. Поддршката за општините е транспарентна и е насочена пред сè за потребите и барањата на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос
Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.
На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.

