Македонија
83 нови случаи на Ковид-19, починаa 11 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-44, Куманово-3, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-3, Велес-4, Битола-5, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-2, Крива Паланка-1, Делчево-1, Кратово-1, Ресен-1, Неготино-3.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-10.
Починати се 11 лица – двајца пациенти од Скопје (85 и 75), еден пациент од Велес (62), двајца од Битола (64 и 74), еден од Кавадарци (71), од Гостивар (85), од ПЕ Гевгелија/Богданци (64), пациент од Струмица (58), еден од Крива Паланка (61) и еден пациент од Радовиш (70). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.804, бројката на оздравени пациенти е 59.650, на починати е 2.456, а бројот на активни случаи изнесува 19.698. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 35.281, активни 11.265
• Куманово 4.667, активни 549
• Дебар 616, активни 129
• Штип 3.267, активни 288
• Прилеп 4.143, активни 609
• Тетово 4.709, активни 878
• Струга 1.996, активни 350
• Велес 2.712, активни 497
• Битола 2.986, активни 595
• Охрид 2.363, активни 594
• Кавадарци 2.052, активни 563
• Гостивар 3.341, активни 579
• Гевгелија 1.128, активни 293 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.274, активни 631
• Крива Паланка 602, активни 112
• Радовиш 603, активни 117
• Крушево 161, активни 71
• Кочани 1.577, активни 236
• Пробиштип 441, активни 45
• Демир Хисар 234, активни 40
• Македонски Брод 210, активни 25
• Пехчево 145, активни 23
• Берово 488, активни 45
• Валандово 302, активни 59
• Виница 442, активни 63
• Делчево 664, активни 200 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 22
• Свети Николе 1.033, активни 108
• Кичево 1.551, активни 245
• Ресен 635, активни 141
• Неготино 988, активни 326 (154 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 700 теста се преку: ИЈЗ – 115, ЦЈЗ Скопје – 37, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, МАНУ – 62, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 106, „Систина“ со PCR-метода – 298, лабораторија „Лаор“ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 4, ГАК – 27, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ (рапид-тест) – 51, УК Пулмологија со алергологија – 0, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 394.329 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево

Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево.
Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е рамки на природниот радијациски фон – природното зрачење што секогаш постои околу нас. Највисоката измерена вредност е регистрирана на 11 септември, кога бил забележан пик од околу 69 нано сиверти на час, но и ова отстапување е во рамки на природното и безбедно ниво. Денеска (14 септември) во 11:30 часот измерени се 50 нано сиверти на час.
Од ИЈЗ нагласуваат дека нема одстапувања од нормалните референтни вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик по здравјето на граѓаните.
По насока на инспекторатот за животна средина и Министерството за здравство, на терен во близина на Трубарево се испратени обучени екипи кои земаат примероци од почва и вода за дополнителни анализи. Резултатите од тие анализи ќе бидат објавени јавно.
Институтот истакнува дека внимателно ја следи состојбата во координација со сите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува да ги следат официјалните информации и упатства.
Македонија
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Македонија
Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.