Македонија
Aпасиев како нов претседател на Собраниската Анкетна комисија најави соработка со експертите и невладиниот сектор
По однос на работата на Анкетната комисија со која раководи пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, тој истакна дека Анкетната комисија, којашто е уставна категорија за разлика од сите други комисии во Собраниево, има институции со кои може да соработува.
– Еве, јас издвоив неколку: Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, Антикорупциска, Антидискриминаторска, Омбудсман, Биро во Стразбур пред Европски суд, има основ, ние како нов Парламентарен состав, во иднина да држиме заеднички расправи – појасни Апасиев во своето процедурално обраќање на Собраниската седница.
– Сакаме да воспоставиме една поинаква политичка култура во иднина, а тоа е да даваме акцент на овие извештаи, бидејќи не се про форма. Овие луѓе работат, и те како имаат експертиза, и те како треба ние како пратеници да ги сослушаме, и да ги имплементираме нивните забелешки годишно – истакна Апасиев.
Според Апасиев, има простор за подобрување на политичката култура која досега се негуваше.
– Таа политичка култура значеше дека овие извештаи беа проформа разгледувани досега во Собранието. Без стручна јавност, без експертиза, без невладин сектор – заклучи Апасиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

