Македонија
Aмериканската амбасадорка присуствуваше на отворањето на плоштадот „Вудроу Вилсон“ во Чаир
Како резултат на збратимувањето со градот Стаунтон на Соединетите Американски Држави, денеска во Општина Чаир свечено беше промовиран Плоштадот што го носи името на 28-от американски претседател Вудро Вилсон. Свеченото промовирање на плоштадот беше направено од амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнс и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.
Ганиу објасни дека Плоштадот „Вудроу Вилсон“, кој се наоѓа пред зградата на Општина Чаир, ќе биде во целосна функција на сите граѓани и е посветен на сите генерации.
Овој плоштад, поплочен со природен гранит, се состои од амфитеатар со 80 седишта, сцена и фонтана.
„Сигурни сме дека овој плоштад ќе биде многу привлечен за различни културни и образовни организирања. Така децата од градинките, од училиштата, студентите ќе можат да реализираат разни организации без да им требаат други реквизити бидејќи тука имаат се – амфитеатар со седишта, бина, фонтана и сето тоа опкружено со зелена средина“, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Тој понатаму појасни дека осветлувањето го прави плоштадот „Вудроу Вилсон“ посебен особено во вечерните часови, кога граѓаните ќе можат да ги поминат своите мигови во многу удобно опкружување.
Пред административната зграда на Општина Чаир по повод 100-годишнината од Версајскиот договор, во 2019 година беше поставена и бистата на американскиот претседател Вудро Вилсон. Затоа Ганиу нагласи дека како што се одразуваат прогресивните идеи на американскиот претседател кој толку многу сакаше мир, а не војна и неговата важна улога во Версајскиот договор за развојот на народите, така и името на Вудро Вилсон ќе се одрази преку плоштадот и бистата во општина Чаир.
Амбасадорката Брнс изрази интерес за тековните области со врвен приоритет на општината и за тековното партнерство со збратимениот град Стаунтон, Вирџинија. Исто така, амбасадорката Брнс ја истакна важноста на доброто владеење и транспарентноста од локалните самоуправи, со еднаков пристап и третман за сите жители и бизниси.
Инаку, пред три години Општина Чаир се збратими со градот Стаунтон, родното место на претседателот Вудро Вилсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

