Македонија
Fridays For Future Skopje: Срамно е однесувањето на директорите кои вршат притисок врз учениците да не излезат на протест
Од скопскиот огранок на движењето за климатска правда Fridays For Future велат дека е срамно однесувањето на некои директори на училишта кои вршеле притисок врз учениците да не излезат на протест против загадувањето.
„Тимот на Fridays For Future Skopje со неверување ги прими информациите дека директорите на средните училишта вршат притисок врз учениците да не ја бојкотираат наставата в петок, како што најавија, и да не учествуваат во Маршот за нашите животи, организиран од нашето движење и над 30 сојузници во коалицијата ‘Зелен фронт’. Додека во остатокот од Европа, образовните институции ги охрабруваат младите да учествуваат во климатските штрајкови в петок, на тој начин развивајќи ја свеста за климатските промени, кај нас ниту еколошката вонредна состојба и незапаметената криза со аерозагадувањето не е доволна причина кадарот да се солидаризира со нивните деца, чиј единствен грев е што бараат да дишат чист воздух“, се вели во соопштението.
Од движењето велат дека не сакаат да шпекулираат дали ваквото однесување на директорите е резултат на личен простотилак или партиски инструкции, меѓутоа додаваат од таму, без сомнение е само уште една индикација за тоа колку е расипан образовниот систем во Македонија, каде приоритетите во развивањето на личноста се целосно испревртени.
„Ги повикуваме младите да не потклекнат под овие закани. За исполнување на обврските потребно е да бидат исполнети правата, а чиста животна средина е ваше основно човеково право. Вие сте надежта дека оваа држава конечно некогаш ќе профункционира, а Маршот в петок во 17 часот пред Министерството за животна средина е за вас и за вашата иднина. Вие сте тие кои ќе ја донесат зелената револуција која ни е толку потребна. Канализирајте го вашиот младешки револт заедно со нас утре и изборете се за вашите права“, велат од Fridays For Future Skopje.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.
Македонија
Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
Премиерот, Христијан Мицкоски, утре, петок, ќе присуствува на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ кој ќе се одржи во Тирана, Република Албанија.
Предвидено е на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“ да се обрати премиерот Мицкоски.
Македонија
Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“
Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.
Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.
„Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел“, посочи Мицкоски.
„Мене ми е драго што на сите овдека ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет. Како што можам да забележам македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва“, додаде тој.

