Македонија
Kуманово и Гостивар имаат по повеќе од 300 активно заразени лица со коронавирус
Куманово и Гостивар се на листата на заразени со ковид-19 зад Скопје и веќе имаат по повеќе од 300 активни случаи.
Според податоците на Министерството за здравство, од вкупно 2.843 заразени лица низ целата територија, 829 се од Скопје, 317 од Куманово и 310 од Гостивар. Во Штип има над 200 активно заразени, Тетово, Струга и Кичево над 100, а во останатите градови во земјата бројките се двоцифрени.
Денеска Скопје, Куманово и Гостивар имаа најмногу новозаразени во изминатото деноноќие. За 24 часа, во Скопје биле регистрирани 32 новозаразени, Куманово-25 и Гостивар-22.
Доколку се погледнат статистиките од изминатите 7 дена, може да се забележи пораст на случаите со новозаразени во Куманово и Гостивар. Имено, во Куманово само оваа недела се заразиле 126 лица, а во Гостивар од минатата сабота до денес, заразени се 99 лица.
Според дневните извештаи, во Куманово изминатата недела оздравеле 46 лица, а во Гостивар – 52, додека во двата града за една недела починале 3 лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10.052, на починати е 563.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1065 издадени платни налози, 716 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 50 прекршоци за неправилно паркирање, 82 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, 14 санкции за возач почетник, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле осум возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и двајца пешаци. Исто така санкционирани се 44 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно возило заради техничка неисправност. Санкциониран е и еден возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)“, соопшти МВР.
Македонија
СДСМ: Мицкоски е во шок од изборниот резултат, а ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година“, велат од СДСМ.
„Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници помалку и дека пропаднаа сите планови за пасокизација на СДСМ на која толку многу работеа.
Граѓаните јасно го поразија и неговиот коалициски партнер ЗНАМ, кој требаше да биде тројанскиот коњ за делење на СДСМ. Овој план пропадна и ЗНАМ е на пат на исчезнување.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да пуштаат секојдневни соопштенија за лажно да ги мотивираат своите гласачи, но реалноста е сосема поинаква. СДСМ продолжува со својата кампања во 17 општини. Ги повикуваме граѓаните да излезат масовно на гласање, да ги поддржат нашите чесни и докажани кандидати кои искрено и посветено ќе работат за граѓаните“, соопшти СДСМ.
Македонија
Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин
Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.
Собраќајот е во прекин.

