Македонија
Mилошоски објави план за промена на името во 10 точки
Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот фејсбук-профил објави план од 10 точки за којшто тврди дека е договорената компромисна рамка меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, за промена на името и на Уставот.
Според Милошоски, ова се рамката и чекорите договорени од Коѕијас-Димитров, што ќе ги спроведат Ципрас и Заев за смена на уставното име на Република Македонија:
1. Дефинирање на новото име преку повратна комуникација меѓу Заев и Ципрас.
2. Потпишување договор за промена на името во Преспа на почетокот на јуни.
3. Договорот за името оди во македонското Собрание каде што треба да помине со гласање на 61 пратеник.
4. Грција испраќа писмо до НАТО за да одобри условен прием (членство само по уставни промени).
5. Грција испраќа писмо до ЕУ за поддршка за почеток на преговорите на Скопје под услов уставните промени да завршат во рок од 12 месеци.
6. На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори
6а. На 11/12 јули Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО.
7. Во октомври ќе се одржи референдум за името со кој Заев ќе треба да покаже дека мнозинството граѓани ја прифаќаат рамката за промена на името.
8. Врз основа на очекуваната силна поддршка од СДСМ и албанските гласачи, Заев ќе побара поддршка од опозицијата во Собранието и со 2/3 мнозинство да се промени Уставот за името. Доколку некои пратеници искажат противење на промена на името, СЈО и други владини институции ќе спроведат соодветен притисок.
9. Договорот за промена на името ќе дојде за гласање и пред грчкиот парламент, по што ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО
10. ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

