Македонија
Mицкоски: Дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов
Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес.
„Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот“, посочи премиерот Мицкоски.
Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.
Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.
Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

