Македонија
Mицкоски: Нема кривична пријава за Мерко кој назначил средношколка за директор на училиште
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше кривичната пријава против градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, поради именувањето на директор на училиште кој, како што велат од МВР, немал положено испит во законски утврдениот рок.
Мицкоски вели дека Папазов го именувал единствениот кандидат кој што се пријавил на огласот, а направи и споредба со струшкиот градоначалник кој назначил директорка на училиште со завршено средно образование, но за него, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, нема кривична пријава.
„Читам денес МВР на Спасовски и Ковачевски обелодениле “голем” криминал. На градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов му поднеле кривична пријава зошто го именувал единствениот кандидат кој и се пријавил на огласот за директор на Основното училиште. Значи не е тендер, не е договор во 4 очи, туку одлука за именување на директор кој не бил по кејфот на власта. Патем да напоменам нема кривична пријава за Мерко кој назначил за директор на училиште средношколка. Нормално нема кривична пријава зошто зелените од ДУИ ќе се налутат на СДСМ.
Со ваква власт, нема зима за криминалците. А Папазов е силен, и добро знае дека колку тие посилно притискаат, толку пожестоко ќе бидат поразени. Е потоа ќе има вистинска одговорност за вистинските криминали“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

