Македонија
MINT – финтек во служба на природата и заедницата

На Денот на планетата Земја децата на вработените во MINT Fintech Group засадија 9 нови магнолии во парк-просторот кај Офицерскиот дом во соработка со надлежното општинско претпријатие во општина Битола.
Ова е третата година по ред како финтек-компанијата со седиште во Битола ја реализира оваа еколошка и симболична акција, каде што бројот на садници расте заедно со годините на компанијата.
Првите магнолии беа засадени во срцето на градот – кај Градскиот часовник, каде што годинава пролетта ги пречека во полн цвет. Минатата година во новиот парк кај Довлеџик. Оваа година зад Офицерскиот.
Секоја магнолија е порака. Порака дека технологијата и природата не се спротивности, туку партнери. Порака дека иновативноста е најсилна кога расте со почит кон корените.
Магнолијата како симбол отсекогаш била присутна во Битола – најпознат пример е онаа во дворот на историската куќа на семејството Иконому на плоштадот Магнолија. Според народните верувања, магнолијата засадена пред куќа носи мир и задоволство, а зад куќа – финансиски просперитет. Совршена метафора за MINT.
„Нашата цел е оваа мала традиција да прерасне во голема магнолиска приказна за градот, каде што секое дрво е жив симбол на одржливост, љубов и технолошка визија со локален пулс“, велат од MINT Fintech Group.
9 магнолии. 9 години. 1 град што расте.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утрово ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево и потопло

Во поголем дел од земјава утрово ќе биде ведро и посвежо, во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 11 до 13 часот, корисниците од викенд населба село Кучково, општина Ѓорче Петров.