Македонија
Mozzart донираше над 300.000 денари за Општата болница во Гостивар

Последната донација од финансискиот пакет од 50.000 евра за борба против коронавирусот, компанијата Mozzart ја насочи кон Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.
Сите реализирани донации се наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти, поддршка на докторите и медицинскиот персонал и олеснување на нивната работа.
Директорот на Општата болница во Гостивар, Д-р Јакуп Јакупи ја поздрави оваа донација и изрази благодарност до компанијата.
„Сакам да се заблагодарам на Mozzart за почитта и хуманоста што ја покажаа за нашата институција во овој тежок период. Донираните средства во износ од 5.000 евра ќе бидат искористени во болницата за полесно справување со коронавирусот. Исто така, благодарност и за донираните телевизори кои ќе се распределат по болничките соби, со цел да им се овозможи поудобен престој на пациентите.“ – изјави д-р Јакуп Јакупи, директорот на Општата болница во Гостивар.
Уплатно-исплатните места се привремено затворени согласно мерките на превенција и заштита од ширење на вирусот, а со тоа лидерот во областа на приредување на игри на среќа директно трпи огромни финансиски загуби. Но, тоа не ги стопираше и општествено-одговорните активности на компанијата Mozzart кои продолжија како и во редовна состојба, покажувајќи највисок степен на солидарност и хуманост.
„Хуманоста и емпатијата кон општеството во кое работиме, не смее да не напушти ниту во овие тешки времиња. Сега е од исклучителна важност да покажеме несебичност и да дадеме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребна. Продолжуваме и понатаму со хуманитарните акции кои се важен дел од нашето работење.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.
Од Mozzart помош добија здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар, Клиничката болница во Битола, Клиничката болница во Штип, Општата болница во Кочани и Општата болница во Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)