Македонија
Oбвинителството испитува неправилности во ЈСП по тврдењата дека автобусот заврши во жардиниера кај „Мавровка“ поради неисправност
Основното јавно обвинителство оформи предмет за настанот со автобусот на ЈСП кога возачот на 8 јули изгуби контрола, излета во лево и удри во бетонска жардиниера на булеварот Гоце Делчев.
Тогаш телесни повреди добија возачот на автобусот и двајца патници.
Од Обвинителството велат дека ќе се испираат и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица, со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП „Скопје“, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот, со кој се случи незгодата.
„За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Бирото за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП ‘Скопје’ во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Во согласност со наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица што имаaт сознанија за настанот“, информираа од Обвинителството.
По настанот, возачот изјави дека им даваат да возат неисправни автобуси и затоа возилото излетало од коловозот.
Претседателот на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески, рече дека за инцидентот е виновно раководството на претпријатието, кое не ги сервисира автобусите и со тоа ги доведува во опасност вработените, но и патниците.
„Инцидентот се случил бидејќи бил неисправен воланот, односно во тој момент се закочил и благодарение на присебноста и искуството на возачот не дојде до поголема несреќа. За овој автобус, како и за други, се пријавувало дека се неисправни, но не се сервисираат. Замислете, овој автобус пред неколку дена возел до Водно“, рече Ристески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

