Македонија
Oтворени 17. синдикални спортски игри во организација на Македонскиот полициски синдикат
Во Охрид денеска беа отворени 17-тите синдикални спортски игри, во организација на Македонскиот полициски синдикат.
На отворањето на настанот се обрати министерот Оливер Спасовски.
„Иако годинава, поради познатите состојби со пандемијата од “ковид 19“, на игрите ќе им недостасува оној препознатлив меѓународен карактер, сепак тоа ни најмалку не ја намалува нивната важност, односно основен мотив: негувањето на спортскиот дух, здравата компетиција, запознавањето и другарувањето. Тоа се вредности коишто и тоа како се важни, особено кога се работи за луѓе чии што професионални ангажмани се во полицијата, институција,пак, со посебен степен на одговорности, обврски и надлежности, кои што од своја страна бараат исти такво специфично ниво на лично, индивидуално и колективно професионално поведение и посветенст. Се разбира бројните пораки од меѓународните синдикални асоцијации каде што овој репрезентативен синдикат е рамноправен партнер, а во врска со оваа традиционална синдикална манифестација, покажуваат, меѓу другото, дека и синдикалните спортски игри на МПС веќе се етаблирале како значаен настан, вреднуван и почитуван меѓу партнерските организации“, рече Спасовски.
Сржта на заштитата и унапредувањето на работничките и социјална права е токму синдикалното организирање, рече Спасовски. Секое општество кое што тежи кон развој и просперитет, е должно да ги негува и поддржува сите легитимни синдикални аспекти на делување.
„Конечно, има ли подобар начин за продлабочување на синдикалната солидарност од запознавањето, другарувањето, градењето заеднички дух преку здрава конкуретност и меѓусебен респект, како што тоа е спортското натпреварување од ваков тип. Уште еднаш, прогласувајќи ги за отворени 17-тите по ред Синдикални спортски игри на МПС, упатувам голема благодарност до организаторите на настанот, а на сите вас почитувани колеги што учествувате на овие игри ви посакувам одлични спортски резултати и натпреварувачки постигнувања“, рече министерот Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)
Македонија
Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот
На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови
Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), според состојбата до 18:00 часот.
Во Штипско–Кочанскиот регион е регистрирано локално излевање на Кочанска река кај селото Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација. Оризарска река има излевање кај селото Грдовци, а на терен интервенира Водостопанство „Брегалница“, додека полицијата од Кочани го обезбедува подрачјето и го регулира сообраќајот. Зрновска река се излева пред вливот во Брегалница, а состојбата ја следи Регионалниот центар за управување со кризи. Злетовска река и Брегалница имаат зголемен водостој, но без излевање. На патниот правец Македонска Каменица – рудник Саса се интервенира поради одрон.
Во Охрид, најкритична е состојбата во населбата Далјан по излевање на реката Далја. ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат со механизација, додека Територијалната противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување со пумпи вршат испумпување на водата од поплавените објекти. Регионалниот центар за управување со кризи Охрид ги координира пријавите преку бројот 112. Кај Коселска река, во правец на селата Ливоишта и Вапила, се преземаат мерки за заштита на патниот правец.
Во Кичево, поради претходните врнежи, дел од површините се заезерени, а состојбата со поплавените објекти на улицата „Прилепска“ е непроменета. ТППЕ, ДЗС и ЈП „Комуналец“ вршат испумпување и обезбедување на теренот, додека Општина Кичево и Црвениот крст се грижат за евакуираните лица.
Во Битолскиот регион, во Општина Битола се вршат теренски контроли од страна на РЦУК и општинските служби. ЈКП „Комуналец“ интервенира во населбата Стрчин, „Македонија пат“ расчистува на регионалниот пат Р-2333, а Водостопанство ја следи состојбата на реките Шемница и Црна. Во Ресен и Демир Хисар се врши испумпување и заштита на загрозените површини.
Во Куманово, Липково и Крива Паланка состојбата се следи од РЦУК, општините и Водостопанство, а „Македонија пат“ и комуналните претпријатија вршат превентивно расчистување и посолување на ризични патни делници.
Во Тетово се интервенира со механизација на патиштата кон селото Ѓермо и месноста Бањиче. Во Мала Речица полицијата и инспекциските служби постапуваат по уривање на потпорен ѕид, а во Желино се интервенира по излевање кај реките Стримница и Палатица. На Попова Шапка, по координација со РЦУК Тетово, патот се расчистува со механизација. Во Гостивар, ЈП „Комуналец“ и Водостопанство преземаат мерки по пријавени излевања.

