Македонија
Oсмани: Норвешка останува силен поддржувач на евро-атлантските перспективи
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со делегацијата од Кралството Норвешка предводена од министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде.
„Кралството Норвешка не е членка на Европската Унија, но таа е наш важен партнер и поддржувач на евроинтегративниот процес на Северна Македонија од самиот почеток и задоволен сум што продолжува нашата соработка и во претстојниот период, кој претставува одлучувачки за европските перспективи на земјава“, истакна Османи пренесувајќи ѝ ја на министерката Сореиде благодарноста на Владата за ратификацијата на протоколот за НАТО како дел од севкупната поддршка и јасен израз на блиските билатерални односи меѓу двете земји.
За време на средбата соговорниците разговараа за билатералната соработка, проектната поддршка што Кралството Норвешка ја обезбедува за Република Северна Македонија, како и за евро-атлантските аспирации на нашата земја со посебен акцент на содржината на извештајот на Европската комисија за земјава и заклучоците на Европскиот совет.
Во продолжение соговорниците изразија заедничко задоволство од работата на канцеларијата на УНОПС, која се отвори минатата година, секако во насока на имплементација на средствата од Кралствата Норвешка и Шведска, чија билатерална поддршка претставува основа за имплементација на проектите на УНОПС во Република Северна Македонија.
Во оваа насока Османи уште еднаш изрази благодарност за таргетирањето на Секретаријатот за европски прашања како корисник на овие средства во насока на поддршка на администрацијата во нејзината подготовка за предизвиците што претстојат подготвувајќи ги капацитетите за преговори со Европската Унија изразувајќи притоа уверување дека проектот „Нордиски напредок“, кој УНОПС го спроведува во Северна Македонија, успешно ќе ја оствари целта за поддршка на Владата зајакнувајќи ги капацитетите на администрацијата за интеграција на земјата во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

