Општество
Еко-свест: ЕЛЕМ планира четири нови термоелектрани што ќе го загадат дополнително воздухот
Во услови кога имаме енормно загадување на воздухот во повеќе градови на Македонија, Електрани на Македонија(ЕЛЕМ) најавува дури четири нови термоелектрани на јаглен, кои значително ќе придонесат за загадување на воздухот во делови на земјата што сега не се загадени, обвинуваат од Еко-свест.
„Во фаза на изработка се неколку студии за нови термоелектрани кои би користеле увозен висококалоричен јаглен. Дополнително на ова, ЕЛЕМ во изминатиот период, без учество на јавноста одржа јавна расправа за студијата за оцена на влијанието врз животната средина од модернизацијата на ТЕЦ Осломеј, за која исто е предвидено да работи на висококалоричен увозен јаглен“, додаваат од Еко-свест, при тоа истакнувајќи дека значително подобар избор е природен гас, отколку јаглен.
Според еколозите, увозот на висококалоричен јаглен придонесува кон речиси целосна енергетска зависност на Македонија.
„Инвестирањето во нови капацитети за согорување на фосилни горива претставува погрешен избор бидејќи наместо да се вложува во чисти технологии кои ќе придонесат за искористување на изворите на енергија кои ни се достапни речиси бесплатни, како што е сонцето, ќе се инвестира во транспортирање и согорување на висококалоричен јаглен кој, освен што ќе нè направи целосно увозно зависни, значително ќе го зголеми загадувањето на воздухот во регионите каде се предвидени новите термоелектрани на јаглен и ќе го влоши здравјето на граѓаните кои веќе се жртви на енормното загадување“, вели Невена Смилевска, програмски координатор за клима во Еко-свест. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

