Општество
ЗНМ: АВМУ најде говор на омраза против Албанците на ТВ Сител
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) констатира дека ТВ Сител шири говор на омраза и поттикнува дискриминација против Албанците во Македонија.
Ваквата појава АВМУ ја утврдила преку вонреден надзор спроведен во текот на изборната кампања од втори до петти декември 2016 година кога на ТВ Сител во изданијата на дневниците во 19 и 23 часот се објавени серија прилози и уреднички коментари посветени за двојазичност и кантонизација на Македонија.
Во извештајот Агенцијата заклучува дека во тврдењата на ТВ Сител за време на изборна кампања постои говор на омраза за да се постигне одредена политичка цел преку дискриминација, еднострани информации и заплашување на јавноста.
Според Агенцијата, ТВ Сител ја изложил македонската јавност на убедување, наметнување мислење, манипулирање со информации и заплашување со губење на работни места, губење на државата, тензии и војни со цел да се предизвика чувство на загрозеност на Македонците и останатите заедници од Албанците, кои се претставени како непријатели.
АВМУ смета дека ТВ Сител свесно користела говор на омраза и поттикнувала на дискриминација, повторувани во повеќе наврати, користејќи ја моќта на влијанието на телевизијата за да поттикне насилство против Албанците.
Вонредниот надзор на АВМУ е спроведен согласно член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членот 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, кои недвосмислено забрануваат говор на омраза и дискриминација.
Според информациите на ЗНМ, извештајот со наодите што е јавно достапен на веб страната на Агенцијата, веќе е доставен до Јавното обвинителство и Комисијата за превенција и заштита од дискриминација.
Здружението на новинарите на Македонија очекува Основното јавно обвинителство во Скопје и Комисијата за заштита и спречување од дискриминација сериозно да ги разгледаат наводите на АВМУ и да донесат соодветна одлука. Потсетуваме дека Европскиот суд за човекови права и слободи од Стразбур во неговите пресуди јасно заклучува дека таков начин на изразување е негација на слободата на говорот.
Вонредниот наод на АВМУ за ТВ Сител е забележан во текот на мониторингот на работата на медиумскиот регулатор што ЗНМ го спроведува во рамките на проектот насловен „Мрежа на новинари за медиумските слободи во Македонија”, финансиран од ИПА програмата на ЕУ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

