Општество
Прв новинарски стартап натпревар во Македонија
Првиот Новинарски стартап натпревар е тридневен настан кој ќе се одржи овој викенд, од 27 до 29 јануари во просториите на Сеавус инкубаторот во Скопје.
Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје е носител на проектот, а партнер е Сеавус инкубатор.
Целната група на Новинарскиот Стартап Натпревар се новинари, граѓански активисти, програмери, ескперти за гејмификација и графички дизајнери кои ќе работат во тимови со цел да создадат интерактивна новинарска содржина. Се очекува овие проекти да имаат дополнителна вредност на општествена одговорност.
На конкурсот за овој триденвен натпревар се пријавија 53 заинтересираните поедници кои ќе можат во текот на викендот подобро да се запознаат и да формираат тимови, согласно замислените проекти и начин на изработка.
Овие тимови ќе работат на изработка на идеи во три категории. Првата е дигитално раскажување, каде се очекува учесници да изработат новинарска сторија која користи текст, фотографија и видео за јавно презентирање преку веб-сајт. Пријавените во оваа категорија ќе бидат должни да напишат сторија која преку користење на текст, фотографија и видео ќе биде соодветна за јавна презентација. Во оваа категорија ќе има три награди, од по 1.000 долари во бруто износ.
Втората категорија е интерактивна он-лајн игра. Во оваа категорија се очекува да се направи новинарска сторија преточена во on-line игра за јавно презентирање преку веб-сајт. Кандидатите ќе бидат должни да креираат новинарска сторија чија презентација ќе се заснова на он-лајн игра. Во оваа категорија ќе има две награди, од по 2.000 долари во бруто износ.
Развивање новинарски алатки е третата категорија. Пријавените во оваа категорија ќе бидат должни да измислат односно да развијат алатка која во иднина ќе им помага на новинарите во пишувањето на нивните новинарски стории. Во оваа категорија ќе има една награда од 5.000 долари во бруто износ.
Датум на испорака на производите е 30 јуни 2017 година.
Натпреварот ќе биде во форма на хакатон односно два дена учесниците ќе ги разработуваат идеите и ќе се формираат тимовите, а третиот ден, пред жири ќе се презентираат идеите. Жирито ќе одлучи кој ќе биде победник во трите категории од овој натпревар.
Новинарските стории и проекти ќе бидат јавно објавени на on-line платформата одржувана од страна на Фондацијата за дебата и едукација Идеа Југоисточна Европа Скопје – http://www.storyincubator.mk/ . /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

