Општество
РСБСП со совети за пешаците: Внимателно движење по снегот
Снегот, мразот и минусните температури во овој период од годината најмногу проблеми предизвикуваат на учесниците во сообраќајот.
Иако фокусот најчесто е ставен на возачите и возењето по снег и замрзнати коловози, сепак Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата подготви корисни совети и за најранливата категорија учесници во сообраќајот – пешаците, кои своите дневни обврски ги извршуваат пеш движејќи се по снегот. Според статистиките, секоја година околу 1/4 од вкупниот број жртви во сообраќајот се пешаци.
Совети кои ќе помогнат за побезбедно и посигурно учество на пешаците во сообраќајот, а на возачите ќе им помогнат полесно да ги забележат на улиците:
• Движете се по тротоарот секогаш кога тоа е можно – Доколку не сте во можност да се движите по тротоар и го користите коловозот, тогаш движете се до крајниот лев раб од коловозот и следете ги возилата кои ви доаѓаат од спротивната страна.
• Секогаш преминувајте ја улицата на пешачки премин. Преминувањето надвор од пешачкиот премин е крајно опасно, особено во услови на намалена видливост и тоа сериозно може да влијае на вашата безбедност во сообраќајот.
• Настојувајте секое движење да ви е внимателно испланирано и не ризикувајте со изборот на „скратен пат“. Пред да се решите да стапнете на улицата имајте во предвид дека на возилата им е потребно повеќе време да запрат и сопирачкиот пат е подолг од вообичаено. Не ја преминувајте улицата сѐ додека не сте сигурни дека возилата кои се движат по коловозот ве забележале и се во состојба безбедно да го запрат своето возило.
Освен тоа, пешаците за лична безбедност треба да внимаваат и на следните работи:
• Носете соодветни обувки. Чекорете бавно и сигурно со целото стапало. Соодветните обувки му овозможуваат на пешакот да чекори со целото стапало и да има добар и стабилен контакт со подлогата по која се движи. Обувките треба да се со соодветна потпора и да не се лизгаат на снег.
• Не го бркајте зеленото светло за пешаци или автобусот, бидете стрпливи и сигурни во тоа што го правите.
• Избегнувајте да носете торби и други предмети кој ја нарушуваат вашата рамнотежа. Никогаш не се движете со рацете во џеб.
• Пешачките премини можат да бидат доста опасни и при самото разминување на пешаците. Внимавајте каде чекорите. Гледајте пред себе и пропуштете го пешакот кој ви доаѓа од спротива. Не заборавајте, љубезното однесување во сообраќајот е дел од убавите манири на секој човек.
• При преминување на улицата немојте да застанувате помеѓу двете коловозни ленти затоа што возачите не ве очекуваат таму и може да бидете удрени од возило кое се движи по влажен и лизгав коловоз.
• Бидете особено внимателни кога се качувате или излегувате од автобус или автомобил, или кога се движите помеѓу паркирани возила и излегувате на улица.
• Носете светла облека со рефлектирачки додатоци особено во рани зори и во приквечерието. Додатете рефлектирачки налепници на јакните или на торбите. Бидете видливи и безбедни во сообраќајот.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, покрај овие совети, апелира до пешаците на максимално одговорно учество во сообраќајот. Внимателно учество во сообраќајот не е грижа само на возачите. Секој од нас има обврска да се грижи за својата безбедноста и да дава личен придонесен за непречено одвивање на сообраќајот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

