Општество
УНИЦЕФ: Правните постапки може да бидат многу трауматични за децата
Претставници од Академијата за судии и јавни обвинители, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, социјалните служби, судии, обвинители и правници учествуваа на конференција посветена на заштита на децата жртви и сведоци во правните постапки.
Учесниците дискутираа како да се подобри заштитата на децата жртви и сведоци во текот на истрагата и судските процедури вклучувајќи ги и случаите на онлајн злоупотреба и експлоатација на децата со посебен акцент на одредбите од Законот за правда за децата и Законот за семејно насилство. Тие имаа и можност да слушнат искуства во овие области од колегите од Хрватска.
“Правните постапки може да бидат многу трауматични за децата,“ рече Елспет Ериксон, заменик претставник на УНИЦЕФ. “Сведочењето на суд може одново да го виктимизира детето па така некои деца не сакаат да сведочат од срам или страв од последици по нив самите или по нивните семејства. Во секое размислување и при секоја одлука на прво место мора да бидат заштитата и благосостојбата на детето, а експертите мора ова да го покажат при планирањето и на дело.”
Преку оваа конференција УНИЦЕФ и Академијата имаат за цел да ја кренат свеста на судиите, обвинителите и адвокатите за правата на децата жртви и сведоци и да им помогнат на сите чинители да ја зајакнат взаемната соработка.
“Евидентно е дека постои општа свест и правна рамка во поглед на децата жртви и сведоци, но потребен е понатамошен развој и напори за да се примени сето тоа во пракса.“, рече Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Потребата од задолжителна обука на сите судии и обвинители за работа со деца жртви и сведоци беше нагласена и во студијата на УНИЦЕФ „ Мапирање на институции и граѓански организации што пружаат услуги на деца жртви на насилство и злоупотреба“.
Студијата исто така препорачува експертска специјализација за случаи на деца жртви и сведоци како и обезбедување правно застапување на децата жртви.
Академијата за судии и јавни обвинители е партнер на УНИЦЕФ во организирањето на оваа конференција во рамките на двегодишниот план на соработка помеѓу УНИЦЕФ и Министерството за правда. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

