Општество
ФЗОМ го додели 10.000-тиот ваучер за ин витро
Фондот за здравствено осигурување на 3 јануари го додели 10.000-тиот ваучер за ин витро. Осигуреничката е на 43 годишна возраст од Скопје, со иницијали С.М.М.
„Со сите наши расположливи капацитети, ја реализираме нашата цел да им излеземе во пресрет на сите барања на осигурениците кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа. До денес 13.01.2017 година, откако е воведен овој проект од 2008 година, Фондот доделил 10.101 ваучери за ин витро. Визијата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се задоволни осигуреници. Нашите заложби се на планот на ин витро да работиме уште понапорно и да им овозмозиме на осигурениците кои по природен пат не можат да добијат дете, својот животен сон да го остварат преку методот на ин витро“, велат од ФЗОМ.
Постапката за ин витро како право, за прв пат е овозможена на товар на Фонд во 2008 година, по пат на рефундација на средства, а од 2010 година, осигурениците по одобрување од Фондот, добиваа ваучери.
Бројките за овој проект на Владата се во нагорна линија од година во година и тоа: во 2013 година, од 1075 барања за ин витро со комплетна документација, Фондот позитивно решил 1039 барања. За 2014 година, од 1166 барања со комплетна медицинска документација, Фондот позитивно решил 1060. Во 2015 година, од 1598 нови барања, позитивно се решени 1341, а за 2016 година од вкупно 1862 нови барања, Фондот позитивно решил 1588 барање.
„Со задоволство можеме да информираме дека динамиката на остварување на програмата за ин витро, која претставува врвен приоритет за Фондот, ги надмина дури и нашите најоптимистички очекувања, како според бројот на брачни двојки опфатени со оваа постапка, така и според брзината и ефикасноста на нејзината реализација“, велат од ФЗОМ.
Трендот на зголемување на бројот на ваучери се должи на неколку новини кои Фондот и државата во континуитет ги овозможуваат за осигурениците, како што е новината од 01.01.2014 за овозможување ин витро на товар на Фондот за второ дете. Следната новина беше овозможување и право на ин витро за трето и четврто дете од 28. 12.2015 година, како и новината партиципацијата која изнесуваше 6,000 денари да биде на товар на Фондот за користење здравствени услуги во постапките за ин витро (БПО) за добивање прво, второ, трето и четврто дете, а не на осигурениците, така што услугата за ин витро стана комплетно бесплатна.
„Зголемувањето на бројот на одобрени ваучери е евидентен и за второ дете во 2016година каде што го имавме одобрено 189-тиот ваучер за второ дете, во 2015 година изнесуваше 146. За трето дете годинава одобривме 10-тиот ваучер и за четврто дете 1 ваучер“, се вели во соопштението од ФЗОМ.
Здравствените установи кои вршат БПО услуги, а кои имаат склучено договор со Фондот во 2017 година се: Плодност од Битола, Др. Оргаџински од Штип, Ре-медика од Скопје, Ултрамедика од Скопје, Моја болница од Скопје, Аџибадем Систина од Скопје, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Гинеко медика од Скопје и Инанна систем (Њуборн клиник) од Скопје.
Сите потребни обрасци, упатството за начинот на остварување на правото на БПО на товар на ФЗОМ и сите други информации се објавени на ВЕБ страницата на ФЗОМ www.fzo.org.mk /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

