Контакт

Општество

Извршено примопредавање на должноста командант на ЗОК

Објавено пред

Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) се одржа во четврток во касарната „Боро Менков“ во Куманово.

Бригадниот генерал Зоран Милески, должноста командант на ЗОК ја прими од генерал-мајор Васко Ѓурчиноски, кој со Указ на Претседателот на Република Македонија е назначен за висок воен претставник на Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.

На свеченоста согласно Правилото за воен протокол пред стројот на припадниците на ЗОК со пригодни говори се обратија: заменикот на началникот на ГШ на АРМ, досегашниот и новопоставениот командант на ЗОК.

Генералот Рацај, во своето обраќање на досегашниот командант му посака на новата одговорна позиција да даде придонес во процесот за побрзо интегрирање на Република Македонија во НАТО алијансата и воедно му оддаде признание за дадениот личен придонес за оваа команда.

Честитајќи му ја новата должност на новопоставениот командант му посака успешно командување и водење на оваа респективна команда во уште поголеми успеси и со неговите докажани војнички и лидерски вештини и способности во потполност да ја потврди довербата која му е укажана од Врховниот командант.

Генералот Ѓурчиновски во својот говор изрази благодарност до припадниците на ЗОК за видливо постигнатите резултати од работата преку нивното ангажирање на јужната граница, учеството во операциите за поддршка на мирот и меѓународните вежби.

Новопоставениот командант потенцираше дека обучувањето и извежбувањето на командите и единиците, постојано подобрување на борбената готовност, реализацијата на меѓународните обуки и вежби, создавање подобри услови за работа, подготвеност и справување со сите видови предизвици се клучните сфери на кои ќе им посвети посебно внимание.

Со примопредавањето на военото знаме на командата се изврши и официјално примопредавање на должноста, командант на ЗОК.

На свеченоста присуствуваа: заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, поранешни и команданти на потчинетите команди и единици и други гости.

ЗОК е потчинета команда на Генералштабот чија мисија е да ги подготви конвенционалните копнени и воздухопловни сили на АРМ за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на РМ, со декларираните сили да учествува во операции за поддршка на мирот и превенција од конфликти и справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ, и други меѓународно договорени сојузи и да придонесува во заштита на пошироките интереси на Република Македонија. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 19, Прилеп, Штип и Виница – по 2, Струга и Кочани – по 1 лице.

Регистрирани се 192 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 83, Куманово – 17, Битола – 11, Струмица – 9, Велес – 7, Штип, Струга, Кочани и Крива Паланка – по 6, Прилеп – 5, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 4, Тетово, Неготино и Крушево – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1 лице.

Пријавени се вкупно 19 починати лица: 7 од Скопје (58, 61, 67, 74, 76, 76 и 78), 3 лица од Тетово (46, 72, 74), по 2 лица од Прилеп (61 и 67) и Ресен (66 и 73), по едно лице од Велес (63), Гостивар (78), Охрид (85), Виница (68) и Гевгелија (76). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а другите 15 лица во болнички услови.

Направени се 1.314 теста преку: ИЈЗ – 132, ЦЈЗ Скопје – 47, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 36, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 199, „Авицена“ – 127, „Биотек“ – 134, „Систина“ – 199, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 3, „Генеа“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 329.

Досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.

Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68.261, активни 1.404
Куманово 8.778, активни 322
Прилеп 8.264, активни 160
Тетово 7.189, активни 121
Битола 6.268, активни 232
Велес 5.463, активни 91
Гостивар .5159, активни 59
Кавадарци 5.147, активни 50
Охрид 4.983, активни 198
Штип 4.955, активни 74
Струмица 4.100, активни 98
Струга 2.970, активни 72
Кочани 2.776, активни 54
Кичево 2.538, активни 85
Гевгелија 2.190, активни 35
Неготино 2.179, активни 23
Свети Николе 1.518, активни 42
Ресен 1.233, активни 44
Крива Паланка 1.218, активни 8
Радовиш 1.136, активни 57
Берово 1.026, активни 9
Делчево 967, активни 27
Дебар 938, активни 8
Виница 874, активни 67
Пробиштип 789, активни 18
Валандово 665, активни 6
Богданци 493, активни 8
Крушево 488, активни 22
Демир Хисар 396, активни 21
Демир Капија 396, активни 2
Кратово 367, активни 15
Македонски Брод 356, активен 1
Пехчево 266, активни 2
Македонска Каменица 247, активни 17
Дојран 132, активни 0

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ќе ја одржи 70-тата седница, на дневен ред ИПА 2-програмите

Објавено пред

Владата вечерва, со почеток во 19:00 часот, ќе ја одржи 70-та, тематска седница, целосно посветена на Информацијата за проектите кои се финансираат преку ИПА 2-програмите во Република Северна Македонија, известуваат владините служби.

На седницата, пред министрите, за разгледување, ќе се најде и Информацијата за статусот на проектите кои се финансираат од меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори, во насока на искористеноста на заемите и инвестициските грантови за истите, заклучно со 30.4.2021 година.

За заклучоците и одлуките од денешната тематска Владина седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет-врска, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шаќири: Велика Британија го поддржува процесот на дигитализација

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари работен состанок со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

Овој состанок е продолжение на претходната средба, на која министерот Шаќири и ги посочи на амбасадорката Галовеј трите столба на Министерството за информатичко општество и администрација: дигитализација, реформа на јавната администрација и измените и дополнувањата на Законот за медиуми.

Министерот Шаќири денеска ги претстави достигнувањата и напредокот во овие три процеси, нагласувајќи дека тие се резултат на состаноците и консултациите со сите засегнати страни, со цел донесување корисни одлуки за сите.

„Јуни е важен месец во однос на реформата на државната администрација. Следната недела во Единствениот национален електронски регистар на прописи ќе ставиме два нови закона, за кои се консултиравме со Државната комисија за спречување на корупцијата“, истакна Шаќири.

Во однос на напредокот во процесот на дигитализација, министерот Шаќири ги наброја измените во Законот за електронски комуникации, подобрувањето на ИТ-инфраструктурата преку ИПА 2 проектот, НОДЕ, додавајќи дека блиску сме до воспоставување на системот за електронска инспекција.

Во однос на измените во Законот за медиуми, министерот рече дека се спроведува постојана комуникација со медиумите и операторите за решавање на отворените прашања. Со помош и поддршка на Европската комисија, ќе се разгледува секој член од овој закон.

Амбасадорката Галовеј од своја страна рече дека британската амбасада во земјата внимателно ги следи овие процеси и ја нуди својата помош во насока на нивно унапредување.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион60 минути

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на процесот Брдо-Бриони на самитот, укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за целиот регион...

Македонија1 час

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија2 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа2 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија5 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија8 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет8 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија9 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет9 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет11 час

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа11 час

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет11 час

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет12 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет12 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија1 ден

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Досие