Општество
ОЈО ја отфрли кривичната пријава поднесена против Панчевски
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава што му ја поднесе судијата Иван Џолев на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“.
„Постапувајќи по поднесената кривична пријава против претседателот на Основниот суд со која се товари дека сторил кривично дело “примање награда за противзаконито влијание“ по чл. 359 ст.3 в.в со ст.2 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веднаш оформи предмет и во текот на постапката прибави докази поврзани со утврдување на фактите и околностите наведени во пријавата. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по сеопфатно проучување на сите прибрани докази утврди дека пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност, по што пријавата ја отфрли“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Понатаму се додава дека со цел да се проверат наводите во кривичната пријава, покрај материјалните докази – списи по истражниот предмет и доставеното писмено укажување, во својство на осомничен бил испитан и претседателот на Основниот суд.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испратило три покани до подносителот на кривичната пријава за и тој да даде исказ, но подносителот на пријавата во својство на оштетен не се јавил на поканите и не е испитан.
„Според прибавените докази, дејствието преземено од пријавениот не претставува реално или претпоставено влијание за постапување на истражниот судија распореден по истражниот предмет, бидејќи истото во себе не содржи наредба. Даденото укажување дава насока како поефикасно и побрзо да се заврши истражен предмет согласно законот, кој многу години не бил завршен. Воедно со истото се бара од истражниот судија, да го извести претседателот на судот за преземените активности поврзани со решавање на конкретниот предмет. Согласно законот, претседателот на судот се грижи за ажурно работење на судот, па неговите насоки биле со таа цел“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Од ова, како што се додава во соопштението, неспорно произлегува дека укажувањето е дадено со цел да се активираат можни законски услови за завршување на истрагата согласно одредбите од чл. 178 ст.2 во врска со ст.1 од Законот за кривична постапка што важел во времето на донесувањето на укажувањето, а кое пријавениот како претседател на Судот имал право да го преземе, утврди Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
„При извршеното испитување, пријавениот на записник поднесе кривична пријава против подносителот на кривична пријава за сторено кривично дело – лажно пријавување на кривично дело по чл.366 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја препрати оваа кривична пријава за понатамошно постапување до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, се додава во соопштението. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

