Контакт

Општество

Премиерот Димитриев го честиташе Божик на христијаните што прославуваат по Грегоријанскиот календар

Објавено пред

Премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев, по повод празникот Божик, упати честитка до Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија

„Со векови наназад, празнувањето на Раѓањето Христово претставува особен симбол на христијанството. Со самото доаѓање на нашата земја, со неговата пожртвуваност и милосрдие, Синот Божји влеа надеж, верба и утеха на измаченото човештво. Токму затоа, Божиќ е празник кој нè учи да одиме по трагите на вистината, празник кој нè учи како се подарува љубовта, добрината, меѓусебното почитување и разбирање. Поради тоа, како и сите години претходно, така и оваа, да ги отвориме своите домови и вратите на своите души за светлината која доаѓа. Бог е со нас, а симбол на таквиот дар е Христовото раѓање“, се вели во честитката.

Понатаму Димитриев порачува „вредностите кои ги прославуваме славејќи го празникот да ни дадат сите нам сила, мудрост и инспирација за да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните и нашата земја, за економски раст, подобрување на стандардот на граѓаните и унапредување на сите општествени сфери, за меѓусебно почитување и соработка помеѓу граѓаните и продолжување со изградба на напредна Република Македонија“. /крај/со/ст

Македонија

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на Ковид-19, и тоа: во Скопје – 14, Куманово – 4, Тетово и Кочани по 2 и по еден во Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 163, Куманово – 31, Битола – 26, Тетово – 16, Велес и Кичево по 12, Кочани, Гостивар и Кавадарци по 11, Ресен – 10, Штип – 9, Виница, Прилеп и Свети Николе по 6, Струмица –5, Неготино и Берово по 4, Радовиш и Гевгелија по 3, Крива Паланка и Дебар по 2 и по еден во Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61, 62, 69, 72, 75, 80, 82 и 82), две лица од Битола (65 и 82) и по едно лице од Куманово (80), Струмица (76), Охрид (68), Гостивар (73), Ресен (69) и Струга (72). Од пријавените, еден е починат во домашни, а другите во болнички услови.

Направени се 1.658 теста преку: ИЈЗ – 62, ЦЈЗ Скопје – 24, ЦЈЗ Битола – 51, Судска медицина – 1, ГОБ „8 Септември“ – 10, МАНУ – 37, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 167, „Авицена“ – 208, „Биотек“ – 676, „Систина“ – 184, „Ремедика“ – 48, „Плодност“ – 56, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 134.

Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.

Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:

Скопје 68.179, активни 2.493
Куманово 8.763, активни 519
Прилеп 8.255, активни 301
Тетово 7.185, активни 230
Битола 6.258, активни 419
Велес 5.459, активни 174
Гостивар 5.154, активни 124
Кавадарци 5.141, активни 92
Охрид 4.975, активни 290
Штип 4.951, активни 137
Струмица 4.093, активни 141
Струга 2.969, активни 105
Кочани 2.770, активни 86
Кичево 2.527, активни 148
Гевгелија 2.189, активни 64
Неготино 2.177, активни 48
Свети Николе 1.517, активни 62
Ресен 1.233, активни 89
Крива Паланка 1.217, активни 21
Радовиш 1.130, активни 62
Берово 1.026, активни 12
Делчево 964, активни 45
Дебар 938, активни 8
Виница 871, активни 90
Пробиштип 786, активни 18
Валандово 664, активни 11
Богданци 493, активни 17
Крушево 488, активни 34
Демир Хисар 396, активни 36
Демир Капија 396, активни 4
Кратово 363, активни 11
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 4
Македонска Каменица 243, активни 17
Дојран 132, активни 0

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче на средба со поранешни министри за здравство: нов клинички центар на ново место во најбрз можен рок

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска оствари средба со поранешни министри за здравство, а на средбата разговараа за проектот за изградаба на нов клинички центар.

На состанокот беа споделени искуства, сознанија, перспективи, предизвици со кои секој во својт дел од мандатот се соочувал. Заеднички став на сите е дека прашањето за изградбата на клинички центар долг период се одолжува, односно се разговара веќе над 20 години.

Филипче истакна дека граѓаните заслужуваат конечно тоа прашање да се реши.

„Конечно, тоа прашање треба да се затвори, да тргнеме по патот на градење нов клинички центар. На средбата постигнавме на некој начин и консензус по тоа прашање, дека секое друго решение, освен нов клинички центар на ново место како гринфилд-инвестиција, е парцијално решение и дека само такво решение нуди нов тип на здравствена услуга. Тоа се нуди насекаде во развиениот свет, Западна Европа, САД, во сите други развиени земји во светот, а тоа е интегриран тип на здравствена услуга. Ние можеме да разговараме и за други парцијални решенија, меѓутоа сето тоа нема да биде суштинска промена во здравствениот систем во нашата земја“, рече министерот.

Филипче потенцира дека опозицијата нема право да им ја скрати можноста на граѓаните да добијат нов клинички и истакна дека е важно да се вклучат во овој, како што рече, значаен процес и да го деблокираат законот во Собранието.

„Сметам дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е навистина некоректно, немаат право да ја кратат можноста граѓаните да добијат нов клинички центар. Не кажувам дека не можеме да разговараме за друга алтернатива, меѓутоа отсуство на дискусија, блокирање закон со 2.000 амандмани, кои не се конструктивни, е нешто што сметам дека е навистина неоправдано и дека е злоупотреба на некој начин на политичката позиција. Дали тоа ќе биде на Комисијата за здравство во Собранието или на јавна дебата, која на крајот од месецот ќе ја организираме во Собранието, на која ќе учествуваат сите фактори што треба да дадат коментар по ова прашање. Сепак, сметам дека граѓаните заслужуваат да ги знаат фактите што е тоа што се предвидува да има во новиот клинички центар, што е тоа што е предвидено да има за таа сума на средства“, рече министерот за здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Објавено пред

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони.

По застојот што настана изутринава поради тоа што граничните служби не добиле известување дека е дозволен влез во земјата за странски државјани, тамошните власти го известија македонското Министерство за внатрешни работи дека проблемот е надминат, а влезот е непречен.

Граѓаните што ќе патуваат во Грција ќе треба да пополнат и електронски формулар пред да ја поминат границата.

„Денеска, од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот дозволен им е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, на граѓаните од трети земји и на граѓаните од Република Северна Македонија преку ГП Евзони. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку Евзони со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или сертификат за примени две дози вакцини (14 дена поминати од втората доза), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, а за деца до 5 години не е потребен ПЦР-тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ”, велат од МВР.

Оваа мерка ќе се применува до 24.5.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 7 до 23 часот (по грчко време) или од 6 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа.

Претходно, повеќето од граѓаните што утринава чекаа на границата се вратија дома откако граничните службеници кажаа дека дозвола од Атина за пуштање странци во Грција ќе добијат доцна вечерва или изутрина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија11 час

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет11 час

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Свет13 часа

СЗО со порака до богатите земји: Наместо да ги вакцинирате децата, дајте ги вакцините на сиромашните

Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо...

Македонија16 часа

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на...

Македонија17 часа

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони. По застојот што настана изутринава...

Македонија18 часа

Пендаровски не го потпиша указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија18 часа

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа21 час

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет22 часа

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет22 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет23 часа

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија2 дена

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија2 дена

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет2 дена

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија2 дена

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија2 дена

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет2 дена

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Досие