Општество
Примената на ИКТ во земјоделството е потреба и неминовност
Втората конференција на тема ИКТ во Агробизнис, организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, ПроКредит Банка и АгФутура Технологии, се одржа во среда и четврток во Скопје.
На конференцијата присуствуваа преку 200 учесници, бизнис претставници на агро и ИКТ секторот во Македонија, кои преку предавањата на стручните експерти за иновациски системи во земјоделски стопанства и прецизно земјоделство имаа можност да се запознаат со потенцијалот за зближување на овие две индустрии. Преку презентација на успешни приказни за веќе имплементирани ИКТ решенија агро претприемачите се запознаа со предностите кои иновативните технологии ги носат за нивните компании, а ИКТ секторот подетално ги согледа потребите на земјоделската индустрија.
Министерката на информатичко општество и администрација, Марта Арсовска- Томовска, напомена дека примената на ИКТ во земјоделството е потреба и неминовност и дека постои потенцијал за развој на оваа дејност. Горан Поповски, претседател на МАСИТ ги повика сите производители да побараат ИКТ решенија кои ќе им донесат подобри продукти, приноси и ефикасност во производството. Емилија Спировска, член на Управен Одбор во ПроКредит Банка, потенцираше дека ПроКредит активно го поддржува агро секторот во Македонија и инвестициите во паметно земјоделство кои придонесуваат за попродуктивни производствени процеси, а со тоа и поврат на инвестицијата од 3 до 7 години. ПроКредит е пример за имплементација на иновативни технологии во своите Зони 24/7 и е првата банка со 99% автоматизација на готовинските и безготовинските трансакции.
Традиционално, ПроКредит Банка како лидер во финансиска поддршка на агро секторот ги награди најуспешните иновативни компании во Македонија за 2016 год: Кадино Индустри Груп за прва лабараторија во Македонија за испитување на хемиски и физички својства на пченицата и брашното, Антхура МК за единствена компанија во нашата земја која користи современи технологии за лабараториско производство на орхидеи, Еуропеан Плантс за уникатен начин на обликување и одгледување на декоративни дрва и растенија и Агрофила за единствен производител на ладно цедено масло кое е термички и хемиски необработено. Наградените претприемачи се пример за успешна имплементација на иновативни технологии и даваат придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.
Присутните на настанот имаа можност за вмрежување со потенцијални соработници од двете индустрии на сесијата за Б2Б средби, а финансиските институции, вклучувајќи ја и ПроКредит Банка ги претставија можностите кои претприемачите ги имаат на располагање за пристап до финансии за нивните иновативни проекти. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

