Контакт

Македонија

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Објавено пред

Во отворената канцеларија на Либерално-демократската партија денеска се одржа панел-дискусија насловена „Време е за гласна акција! – Младинските политики приоритет во општеството“, на која членовите на либерал-демократската младина заклучија дека, земајќи ги предвид разликите во ставовите за одредени социо-економски прашања во однос со другите генерации, од клучно значење е поголемата вклученост на младите во донесувањето на одлуки.

dobivaj vesti na viber

Претседателката на ЛиДеМ Јелена Мишиќ, која воедно беше и модератор на панел-дискусијата, нагласи дека сплотувањето на младите луѓе и меѓусебната поддршка се клучни за да се создаде просперитетна и сигурна иднина, каква што сите посакуваме.

„Тука, во отворената канцеларија на либерал-демократите, ги повикувам сите млади ентузијасти, кои веруваат дека заедно можеме да градиме силна, праведна и прогресивна држава, да дадат поддршка за нашите заложби. Во време кога сме сѐ поблиску до остварувањето на нашите цели – приклучувањето кон европското семејство, за нас е од исклучително значење, како млади луѓе што ја сакаат својата земја и сакаат да дадат свој придонес, да преземе акција веднаш и да говориме гласно колку е важно младинските политики да станат приоритет во нашето општество“, порача Мишиќ.

Таа истакна дека возрасните се тука за да им го покажат правецот на младите и дека младите се тука за да дејствуваат.

„Како двигатели на промените со кои се создава цврста иднина, ве повикувам да говориме за потребата од поголемата вклученост на младите лица во донесувањето на одлуки. Следејќи ја состојбата, сметаме дека е од круцијално значење нашите потреби да бидат пресликани во новосоздадените политики, за да се отворат можности каде ќе го прикажеме нашето знаење и ќе создаваме подобар живот за сите“, потенцираше Мишиќ.

Таа нагласи дека како млади либерал-демократи, освен што се залагаат за имплементирање на младинските политики, нивните заложби се и во правец на создавање на услови со кои младите во Северна Македонија ќе живеат европски.

„Се бориме за гарантирано работно место за најдобрите студенти од сите факултети, за можност за работа со скратено работно време за редовните студенти, за дигитализација на високото образование, за модерни студентски градови, поголеми средства за истражувачката дејност, здрави млади и поддршка за студентите со попреченост, бидејќи сите заслужуваат среќни и безгрижни студентски денови“, истакна претседателката на ЛиДеМ.

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова на панел-дискусијата зборуваше за сите минати успеси на либерал-демократите на ова поле и ги поздрави заложбите на младите за унапредување на состојбата.

„Од моето вклучување во политичкиот свет се борам гласно и со цврсти аргументи со цел да постигнам мислењето на младите лица во нашата земја да биде вклучено во сите политики. Се радувам што е постигнат одреден напредок, но сепак не е доволен. Младите имаат свои потреби, свежи идеи и поразлична перцепција од повозрасните лица, затоа е многу важно да бидат рамноправен дел во носењето на одлуки, бидејќи на крајот од денот, тие треба да ја создаваат иднината“, рече Зајкова.

На панел-дискусијата говореа и проектната координаторка Викторија Постолска и студентот на МБУ Томи Милков, кои посочија дека за да се слушне гласот на младите, мора тие да бидат активни, да ги изнесуваат своите идеи и заедно да прават промени.

Младината на ЛДП, останати млади од други политички партии, како и граѓански активисти од здруженија, кои присуствуваа на панел-дискусијата заклучија дека нивното здружување и дејствување треба да биде пример за сите млади луѓе во државата.

Тие порачаа дека младите мора да го оттргнат скептицизмот и да веруваат дека можат да направат промени.

„Либералното ќоше е отворено за сите млади луѓе кои имаат идеи со кои ќе се подобри животот за нив во Северна Македонија. Повелете да разговараме, да споделуваме, да се обединуваме“, порачаа од ЛиДеМ.

Македонија

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди, од утре затоплување

Објавено пред

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

dobivaj vesti na viber

Утринските температури ќе се движат од минус еден до шест степени, а дневните ќе достигнат меѓу четири и 12 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви интервали и умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до четири степени, додека максималната ќе достигне до десет степени.

Од утре се најавува стабилизација на времето и постепен пораст на дневните температури.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Објавено пред

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани.

Во обраќањето таа потсети на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за надминување на поделбите и интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси.

Според неа, македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата.

Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување.

На свеченото отворање на конференцијата се обратија: претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор, Мартин Памер и Штефан Хабек претставник од Паневропската унија на Австрија и Институтот на регионите на Европа.

Паневропската унија на Македонија е формирана 1993 година и се залага за промоција на европските вредности и меѓународно лобирање за интеграција на државата во Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките

Објавено пред

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.

Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија11 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет13 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет14 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ15 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ15 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија16 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија18 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија19 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија20 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ20 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија21 час

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет21 час

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија22 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија23 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет24 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет24 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет24 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија1 ден

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...