Македонија
СДСМ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба, поради продажба на дрога, бил осуден на затворска казна
Бобан Стефковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба, е осудено лице и бивш затвореник, обвини Билјана Муиќ, портпаролка на СДСМ Гази Баба.
„Во 2002 година Стефковски е осуден на казна затвор од три месеци поради сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, односно продажба на дрога“, рече портпаролката, која ја приложи и пресудата со која се потврдува кривичното дело на Стефковски.

Тоа што Стефковски пред десет дена извадил уверение и покрај тоа што ова народски се вика уверение за неосудуваност, всушност е уверение дека во моментот на издавање на уверението против лицето не се води кривична постапка, што не значи дека порано не бил осудуван, објасни Муиќ.
Според неа, ова е уште еден доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, односно дека тоа е, како што рече, истата криминално режимска матрица од времето на Никола Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

