Македонија
Заев и Спасовски на средба со Димитриевски: Куманово се развива со засилено темпо
Со низа инфраструктурни проекти општината се развива со засилено темпо, ваков е заклучокот од средбата што денеска ја остварија премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
На средбата стана збор главно за инфраструктурните проекти коишто во следниов период ќе се реализираат во општината Куманово.
Истакнувајќи дека околу 30 проценти од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта за претстојната година се наменети за проекти од исклучителна важност за граѓаните на Куманово и на околината, премиерот Заев рече дека општината за многу кратко време ќе заличи на модерен европски град.
Премиерот Заев исто така додаде дека во општина Куманово и во околните средини во претстојните месеци ќе се изградат бројни регионални и локални патишта, водоводи и канализации. Истовремено, како што рече премиерот Заев, покрај новоизградената градинка лани, годинава ќе се прошират капацитетите на градинката на објектот „Синоличка“.
Градоначалникот на Куманово, Димитриевски, на средбата потенцираше дека општината полека излегува од големите долгови со кои се соочувала со години. И тој од своја страна, ги информираше премиерот Заев и министерот Спасовски дека во рамки на 3 основни училиште се изградени или допрва ќе се градат спортски сали.
Исто така, Димитриевски информираше дека Министерството за култура го прогласи Куманово за град на културата за 2019 година, и поради фактот што годинава градот одбележува голема годишнина, односно 5 века од постоењето на градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје
Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.
„Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружението за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип и има меѓународен сертификат за институционални пристапи за заштита на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и во приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС – Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпадот и одржување чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје“, соопштија од Град Скопје.
Македонија
Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите: Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
„Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир“, објави таа на социјалните мрежи.
Порача дека само преку заемна почит и разбирање можат да се создадат услови за напредок и побезбедна иднина за сите.
Македонија
Трајановски: Паметно осветление во сите паркови и дворови на градинките и училиштата
Во нашата програма предвивуваме низа на реални и остварливи проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во нашата општина. Старото јавно осветлување го заменуваме со ново СМАРТ економично јавно осветлување, со цел да добиеме модерен систем за јавно осветлување што ќе креира заштеда на средства, вели Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ.
Како што појасни на почетокот овој проект ќе се имплементира во јавните паркови, дворовите на сите детски градинки и основни училишта низ општината.
Потоа ќе продолжи и кон замена на јавното осветлување и на сите улици и паркинзи во општината.
„Овој проект ќе овозможи Енергетска ефикасност и заштеда на финансиски средства.
Затоа ве повикувам на 2 ноември да дадеме поддршка на концептот што ќе гради и создава иднина, а не коцнепт на кочење и не работа“.

