Македонија
Без струја утре делови од Сопиште, Кисела Вода, Аеродром, Чучер Сандево и Бутел
„ЕВН Македонија“ АД преку соопштение информира дека во текот на утрешниот ден, односно 14.8.2018 година (вторник), без електрична енергија ќе останат неколку општини.
Како што информираат оттаму, корисниците на селото Долно Соње во општина Сопиште ќе останат без електрична енергија во периодот од 8.30 до 15.30 часот.
Во периодот од 8.30 до 10.40 часот корисниците од ТС „Рудопроект“, како и каменоломот „Беровиќ“ и селата: Осинчани, Дражилово, Јасен, Елово, Патишка Река, Малчиште, Добри Дол, Рак, Маркова Сушица, Јаболци, Нова Брезница, Говрлево, Горно и Долно Соње и селото Света Петка, ТС „Грин екофарма“ – живинарска фарма, ТС „Маркова Сушица“, „Сковин“, „Механографија“, ТС „Техно павер“ и ТС „Мис вато“, исто така во општина Сопиште ќе останат без електрична енергија.
Понатаму, како што посочуваат од ЕВН, без струја, во период од 9 до 16.30 часот ќе бидат и корисниците на улицата Христо Татарчев околу новиот кружен тек кај последната постојка на автобусот со број 24 во општина Кисела Вода, а корисниците од Долно Лисиче, во општина Аеродром, без електрична енергија ќе останат во периодот од 9 до 13 часот.
Без струја, според најавите на ЕВН, ќе бидат и дел од корисниците во општина Чучер Сандево, односно во периодот од 8.45 до 10.45 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од место наречено Чардак и дел од селото Бразда, а во периодот од 9 до 15 часот дел од корисниците на викендички во селото Побожје.
Прекин на електричната енергија во перидот од 8 до 9.30 минути ќе има и во општина Бутел, односно на улицата со број 8 во село Радишани, куќите околу сервисот „Зајо“ и куќите околу населбата Хот и Хот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

