Контакт

Македонија

Граѓаните на Бутел ќе може да го следат квалитетот на воздухот што го дишат

Објавено пред

Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, заедно со министерот за животна средина и физичко планирање, Садула Дураку, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, ќе ја пуштат во употреба мерната станица за следење на квалитетот на воздухот во општина Бутел.

Општина Бутел е првата општина што ќе ја користи мерната единица за следење на квалитетот на воздухот, што е финансирана од ЕУ. Веќе од денеска граѓаните на Бутел ќе може да го следат квалитетот на воздухот што го дишат.

Мерната станица е дел од континуираната поддршка на Европската Унија во секторот за квалитет на воздухот, која се реализира во тесно партнерство со националните власти. ЕУ исто така обезбеди специјализирано возило за вршење редовно калибрирање и услуги за одржување, како и одреден број инструменти за да се подобри следењето на квалитетот на воздухот во земјата. Корисник на овој проект е Министерството за животна средина и физичко планирање во вкупна вредност од 272.000 евра. Овој настан е дел од кампањата „ЕУ за тебе!“, која има цел да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта од ЕУ во земјата.

Македонија

Иванов одбегнува да ги покаже службените трошоци пред јавноста, велат од Владата

Објавено пред

Од

И понатаму нема одговор од претседателот, Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог да ја прифати Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење, информираат преку соопштение од владината прес-служба.

Оттаму додаваат дека во духот на определбата за транспарентност и отчетност во работењето на државните институции, Владата го повикала претседателот на државата да ги стави на увид на јавноста информациите и податоците за трошењето на парите на граѓаните.

„Во писмото испратено на 29 мај, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, го информираше претседателот Иванов дека Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење им е достапна на сите избрани функционери кои се подготвени да ги стават во секој момент на увид на граѓаните информациите и податоците за трошењето на нивните пари. Во писмото, владата го информира претседателот Иванов, дека преку Алатката за отчетност, пред граѓаните на нашата земја досега се објавени трошоците на премиерот, на министрите и на замениците на министрите, на државните секретари и на Генералниот секретар на Владата“, се наведува во сооштението.

Од прес-службата на владата додаваат дека алатката ќе започне да се применува и од страна на локалните власти, што како што велат, добива на уште поголемо значење доколку се земе предвид фактот дека локалната власт е целосно независна во креирањето на своите политики.

„Затоа прифаќањето на оваа препорака говори за високата свест и на претставниците на локалната самоуправа за значењето на транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и на ниво на единиците на локалната самоуправа“, стои во соопштението.

Во него се додава дека иако сите овие информации биле наведени во писмото до Канцеларијата на претседателот на државата, заедно со понуда за асистенција за користење на Алатката, ниту од Канцеларијата, ниту од претседателот Иванов, досега нема повратен одговор дали ја прифаќа или не можноста на отворен и транспарентен начин да им покаже на граѓаните како ги троши нивните пари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев врши економски егзодус врз државата, обвинува опозицијата

Објавено пред

Од

Во недостиг на идеи како да ја развиваат македонската економија најновите најави се дека износот на персоналниот данок значително ќе се зголеми и наместо досегашниот рамен данок ќе се воведат даночни стапки од 10,15 и 18%. Ќе се оданочуваат и приходите од камати над 12,000 денари. Тоа значи дополнително оптоварување на приватниот сектор што ќе влијание на зголемување на невработеноста, полнење на администрацијата со СДСМ партиски кадри кој што како привилегирана каста ќе живеат на грбот на народот, миграцијата ќе се зголеми, а компаниите ќе го селат капиталот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, нема радиофузна такса меѓутоа граѓаните за три часа паркинг во Скопје плаќаат 130 денари и сите плаќаат поскапи горива како резултат на зголемената акциза за нафта.

„Зоран Заев врши економски егзодус врз државата. Повеќе од една година Заев е на власт, повеќе од една година економијата е на нула, нема нови работни места, нема повисоки плати, нема просперитет.
Над 300 милиони евра изнесува новото задолжување на картелот во првите три месеци од годината. Долгот во континуитет се зголемува. Не поминува месец, а картелот да не ја задолжи државата за неколку милиони, кои никој не знае каде завршуваат. Тоа е животот што ќе им го донесе СДСМ, беда, сиромаштија, сивило, високи даноци, полициска држава“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја ќе останат корисниците од повеќе скопски општини

Објавено пред

Од

Некои од корисниците од неколку скопски општини денеска ќе останат без струја, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека за 22 јуни се планирани следните исклучувања во електросистемот: во периодот од 11 до 13.30 часот корисниците од дел од улицата Томе Арсовски во општина Кисела Вода, во периодот од 9 до 14.30 часот корисниците од дел од улиците Кузман Шапкарев и Беаз куле во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 7.45 до 15.30 часот без струја ќе останат корисниците од населбата Бунарџик, новата населба Јака, Илинден, населбата Бела Земја во с. Марино и фирмите „Мај маркет“, „Гранд експорт“ и „Мак инвест“ во Марино во општина Илинден и во периодот од 9 до 14 часот корисниците од дел од улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Иванов одбегнува да ги покаже службените трошоци пред јавноста, велат од Владата

И понатаму нема одговор од претседателот, Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог да ја прифати Алатката за транспарентно,...

Свет36 минути

Се уништуваат четири локации за нуклеарни тестирања во Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е започнато уништувањето на четири големи локации за вршење нуклеарни тестирања во Северна Кореја....

Свет41 минута

Се подготвува терен за средбата Путин – Трамп

Во тек се подготовките за самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин. За таа цел...

Македонија17 часа

(Видео) „Импичмент“ на Иванов за спас на договорот

Ќе помине ли Договорот со Грција без потпис од претседателот Иванов? Слично како и со законот за употреба на јазиците,...

Македонија18 часа

Меј: Договорот за името ќе донесе енормни придобивки за двете земји

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска му испрати писмена честитка на премиерот Зоран Заев за постигнатиот договор со Грција...

Македонија19 часа

Ексградоначалници направиле милионски сметки за ручеци и забави во ресторани

Двајца поранешни градоначалници на Старо Нагоричане ја задолжиле Општината со милионска сума за ручеци и забави во неколку угостителски објекти....

Македонија22 часа

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на Охридскиот Регион

По повод Денот на Охридското Езеро еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија22 часа

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести23 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет23 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа24 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија1 ден

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ2 дена

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија2 дена

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија2 дена

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија2 дена

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија2 дена

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија2 дена

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Досие