Забава
Предновогодишен концерт на „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов в петок на „Боемска“
Општина Центар информира дека в петок, 27 декември, организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
Предновогодишната забава ќе почне во 20 часот на „Боемска 1“.
Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов по што ќе следува „Нокаут“.
„Качете се на временската машина на ‘Нокаут’ и запејте ги ‘Фатална опсесија’, ‘Лебедот бел’, ‘Телефонскиот број не постои’, ‘Илјада причини за крај’. Ветуваме убава атмосфера под новогодишните светилки на ‘Боемска’. Задолжителниот дрес код е добро расположение, насмевка и позитивни вибрации. Поканата важи за сите скопјани, ве покануваме на добра македонска музика, заеднички да го прославиме крајот на годината“, истакнува Герасимовски.
В среда, 25 декември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи и настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај италијанска амбасада, каде што граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез-верзија на македонските евергрини од „Искра Србиновска квартет“, но и да пробаат греено вино и печени костени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Еден од судиите на Мис Универзум поднесе оставка три дена пред финалето, вели дека имало таено жири
Три дена пред финалето на изборот за Мис Универзум што ќе се одржи на 21 ноември во Бангкок, композиторот Омар Харфуш изненадно поднесе оставка како член на жирито. Тој тврди дека топ 30-те финалистки биле избрани од „таено, импровизирано жири“.
Харфуш на Инстаграм наведе дека дознал за формирањето на групата преку социјалните мрежи, дека резултатите се чуваат во тајност и дека никој од осумте официјални судии не бил присутен при изборот. Според него, членовите на тој комитет имале „потенцијален судир на интереси“.
View this post on Instagram
Тој напиша дека имал разговор со извршниот директор на Мис Универзум, Раул Роча, поради недостаток на транспарентност, по што решил да се повлече и да не ја изведе музиката што ја компонирал за натпреварот.
Организацијата Мис Универзум ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека не постоело никакво импровизирано жири, и дека сè се одвива според утврдени правила. Тие соопштија дека го прифаќаат повлекувањето на Харфуш и му забрануваат да користи или да се поврзува со заштитни знаци и брендови на Мис Универзум.
Забава
Се сопнуваш на рамно? Можеби виновен е хороскопот – пет најтрапави хороскопски знаци
Астролозите тврдат дека одредени хороскопски знаци се понеспретни од другите, било поради расеаност, брзоплетост или постојано живеење во облаци”.
Стрелец – постојано гледа кон нови цели и авантури, па често не ги забележува препреките пред себе. Неспретноста доаѓа од ентузијазмот и брзањето.
Риби – длабоко во својот свет на фантазија и емоции, лесно забораваат на реалноста околу себе. Можат да се наслонат на свежо обоен ѕид или да ги загубат клучевите.
Близнаци – умот им работи пребрзо, со илјадници мисли и планови одеднаш. Нивната смотаност произлегува од „премногу табови“ во глава.
Овен – делува пред да размисли. Може да претрча по лизгав под или да носи премногу работи одеднаш. Сепак, брзо се опоравува и продолжува како ништо да не се случило.
Водолија – мислите им се насочени кон иднината и апстрактни идеи, па неретко се сопнуваат дури и на рамно. Познати се и по социјални грешки, бидејќи говорот ги прескокнува правилата.
Забава
Ирина Шејк откри како со Бредли Купер ја воспитуваат 8-годишната ќерка
Ирина Шејк изјави за People дека со поранешниот партнер Бредли Купер ѝ го ограничуваат пристапот на интернет на нивната ќерка Леа Де Сеин за да ја заштитат од негативните страни на славата. Таа нагласи дека Леа „има многу мал, речиси никаков пристап до интернет“ и дека сака да се фокусира на „заедница, пријателства и давање љубов“.
Шејк рече дека одгледувањето дете „во семејство полно со љубов“ е најважно, и дека ја учат Леа да се сака себеси во свет со „многу стандарди на убавина“ од кои се обидуваат да ја заштитат.
Ирина Шејк и Бредли Купер се во врска од 2015 година, ја добија Леа во март 2017, а се разделија во 2019 година. И покрај раскинувањето, останале во добри односи и заедно ја воспитуваат ќерката.

