Македонија
Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и еден во Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2 и шестмина од Кочани.
Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62), Кочани (87) и Гостивар (64).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 6.881, активни 684
• Куманово 1.745, активни 182
• Дебар 284, активни 42
• Штип 1.251, активни 53
• Прилеп 667, активни 128
• Тетово 1.424, активни 174
• Струга 664, активни 58
• Велес 319, активни 34
• Битола 296, активни 59
• Охрид 421, активни 44
• Кавадарци 236, активни 49
• Гостивар 928, активни 103
• Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 233, активни 150
• Крива Паланка 107, активни 29
• Радовиш 76, активни 18
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 340, активни 149
• Пробиштип 110, активни 21
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 43, активни 3
• Берово 102, активни 38
• Валандово 31, активни 22
• Виница 108, активни 29
• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 0
• Свети Николе 341, активни 37
• Кичево 324, активни 39
• Ресен 164, активни 16
• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, како и две деца и две мајки суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи по скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 59
• Гази Баба – 80
• Аеродром – 109
• Карпош – 83
• Центар – 96
• Кисела Вода – 79
• Ѓорче Петров – 50
• Бутел – 31
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 9
• Сарај – 12
• Арачиново – 5
• Илинден – 28
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен-2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава, рече Герасимовски
Општина Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава во реално време, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Според него, јавната набавка е завршена, а веднаш по изборите ќе бидат поставени 30 мерни единици на различни локации.
„Заврши јавната набавка, чекаме да поминат изборите за да ги поставиме мерните единици – првично 30. Преку мобилна апликација, секој граѓанин ќе може да провери каква е фреквенцијата на бучава на одредена локација“, изјави Герасимовски.
Системот, како што објасни, ќе им овозможи на граѓаните докази при пријавување во Министерството за внатрешни работи или до општинските инспекциски служби. Целта е брза и ефикасна реакција на прекршителите, особено во зони каде што постојат проблеми со прекумерна бучава од угостителски објекти и сообраќај.
Во вториот дел од изјавата, Герасимовски зборуваше за следниот голем проект на општината – постепено затворање на Дебар Маало за моторен сообраќај, со што ќе се намали хаосот со паркирањето и ќе се создаде подобар квалитет на живот за жителите.
„Имаме ревидиран проект за затворање на Дебар Маало. Тој е доставен до Министерството за внатрешни работи и веќе имавме два состанока со МВР за да го подобриме и да добиеме одобрување. Така и беше договорено на последниот состанок“, рече Герасимовски.
Планот е Дебар Маало да се затвора дел по дел, почнувајќи веднаш по завршувањето на изборниот процес, а првата рампа веќе е поставена.
„Веќе поставивме рампа на почетокот на Боемска улица. Разговараме за начинот на кој таа зона ќе функционира, и тоа ќе биде пример за затворање и на други населби каде што сообраќајот и паркирањето се хаотични“, додаде градоначалникот.
Македонија
Николоски го претстави планот за Николиќ во Дојран: Уредена плажа, патека и подобро електроснабдување
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при посетата на дојранското место Николиќ, најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти за локалното население и туристите.
Николоски посочи дека приоритет е решавањето на проблемот со снабдувањето со електрична енергија, бидејќи местото брзо се шири со нови куќи и викендици.
Како втор проект го најави уредувањето и осветлувањето на пешачката патека што ќе води од населбата до плажата, која, според него, ќе стане туристичка атракција.
Трет приоритет е уредувањето на плажата Николиќ, која ќе добие концесионер со обврска да ја трансформира во современо туристичко место.
Николоски додаде дека се разговара и за изградба на културен дом и решенија за предучилишно згрижување на децата.
„Убеден сум дека Илија Николиќ ќе биде новиот градоначалник на Дојран и дека заедно ќе ги реализираме овие проекти со поддршка од Владата“, изјави Николоски.

