Контакт

Македонија

„Во ек на грејна сезона МЕПСО бара речиси двојна тарифа – Регулаторната комисија за енергетика да престане да ги остава граѓаните на цедило“, бараат од Левица

Објавено пред

„За промена, бараме РКЕ да биде регулатор, а не сервис за енергетските монополи. МЕПСО бара тарифата за пренос на електрична енергија да се зголеми за речиси 100%! Во исто време, за 2027 година бара регулиран приход од околу 3 милијарди денари, наспроти речиси 2 милијарди денари одобрени за 2026 година, иако во пресметките има ПОМАЛА количина електрична енергија што ќе поминува низ преносната мрежа“, велат од партијата Левица.

„Парното веќе поскапе за пет отсто во јануари, а од август следуваше дополнително зголемување од речиси шест отсто. Доколку новото барање биде одобрено, граѓаните би добиле ТРЕТО поскапување во една година. За домаќинствата ова значи нова неизвесност токму кога треба да го планираат зимскиот трошок. Домот мора да се загрее, независно од тоа колку убаво ќе биде спакувано образложението за поскапување.

Пред да побара уште повеќе од народот, МЕПСО треба да даде отчет за начинот на кој управува со средствата што веќе ги добива. Државниот завод за ревизија веќе констатира сериозни слабости во работењето на компанијата – од неправилности при вработувањата до проблеми со управувањето со инфраструктурата. Не може лошото управување да се покрие со повисока тарифа.

Досегашните одлуки на РКЕ само ја потврдуваат нашата загриженост дека комисијата на чело со вмровецот Ацо Ристов повторно ќе се однесува како продолжена рака на власта. РКЕ дозволи зголемување на цената на парното, а сега пред себе го има и барањето на МЕПСО за речиси двојно повисока тарифа. Тоа е проблемот со РКЕ: наместо да ги дисциплинира монополите, таа премногу често ги остава граѓаните на ЦЕДИЛО.

А каде е министерката Божиновска во сето ова? Таа не може да се крие зад РКЕ и да се прави дека ова е само одлука на регулаторот. Владата е сопственик на МЕПСО, а Министерството за енергетика е политички одговорно за енергетската политика и функционирањето на државниот енергетски систем. Божиновска постојано зборува дека Владата ќе го штити животниот стандард на граѓаните, но заштита на стандардот не е да чекаме прво да поскапи струјата, па потоа да бараме како да го ублажиме ударот. Заштита е да се спречи неоправданото поскапување уште на изворот.

Затоа бараме и од РКЕ и од Божиновска: наместо да бараат начин граѓаните да ја платат сметката, нека бараат одговорност од менаџментите на енергетските компании полни со нивни сопартијци и вистинска ефикасност во системот“, соопштуваат од партијата Левица.

Најново

Забава41 секунда

Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

Секој родител сака да воспита дете кое е самоуверено, носи добри одлуки и знае како да застане зад сопствените ставови....

Свет3 минути

Иран соопшти дека 7 брода се погодени во Персискиот Залив: упатија закани кон САД

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда во четвртокот соопшти дека четири пловни објекти, фатени во нелегален пренос на нафта од брод...

Свет13 минути

Природните катастрофи во Кина оставија стотици мртви или исчезнати и предизвикаа огромна штета

Природните катастрофи во Кина во текот на првите девет месеци од оваа година предизвикаа директни економски загуби од 199,36 милијарди...

Забава14 минути

Објавена листа на најпријателски настроените земји во Европа

Ирска е прогласена за најпријателска европска земја во 2026 година, според читателите на реномираното туристичко списание „Condé Nast Traveller“. Рангирањето...

Спорт20 минути

Фердинанд жестоко удри по Јунајтед: Неспособни, „без заби“ во нападот

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, очекувано, жестоко го критикуваше својот поранешен клуб, по дебаклот во Комо и поразот од...

Спорт21 минута

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се борат за статусот најдобар фудбалер на својата генерација, а нивното соперништво доби...

Спорт21 минута

(Видео) Историски дебакл на Манчестер Јунајтед, Комо им одржа час по фудбал на „црвените ѓаволи“

Фудбалерите на Комо, дебитанти во Лигата на шампионите, го декласираа славниот Манчестер Јунајтед со 4:1, во третото коло. Четата на...

Спорт22 минути

Гаштаров го продолжи договорот со Црвена звезда до 2031 година

Српскиот шампион, Црвена звезда, објави дека Матеј Гаштаров и Стефан Гудељ ги продолжиле договорите со клубот. 19-годишниот македонски репрезентативец, Гаштаров...

Економија22 минути

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години

ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ,...