Македонија
(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени среде неделото, физички ја нападна советничката Витина

„Град Скопје при вонредна теренска контрола затекна лице (инспектор во МВР), кој во тој момент нелегално се приклучува на мрежа на ЈП ‘Водовод и канализација’, постапка што претставува кривично дело и директна штета врз јавниот имот. Воедно, од инспекторот на МВР физички и вербално беа нападнати советничката Ирена Витина и уште едно лице од Инспекторатот на Град Скопје пред очите на униформирани полицајци, кои не постапуваа при нападот во кој сторител беше нивниот колега инспектор од МВР, а за што со своја објава на социјалните мрежи се јави и градоначалничката Данела Арсовска“, велат од Град Скопје.
„Водата е природен ресурс, не се произведува во фабрика, извира од природата. Не е до мрежата, не е до цевките, едноставно од природниот извор на градот и дополнителниот бунарски систем нема капацитет да извира пивка вода колку што некои од жителите трошат. Рашче среде суша со високи температури има намален капацитет, а потрошувачката во изминатиот месец на дневно ниво е РЕКОРДНИ 356.000 м3 НА ДЕН, што би значело потрошувачка од 700 литри вода на жител“, напиша градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи.
„Секој ден се фаќаат по 30 ДИВИ ПРИКЛУЧОЦИ, од кои си наводнуваат цели ниви, приклучоци на дивоградби, полнење базени, тие ни денар не плаќаат затоа нерационално трошат бидејќи ја добиваат бадијала, а МВР не постапува.
Тогаш мафијашите мислат дека може да прават што сакаат и ќе си поминат неказнето, а нивниот број се зголемува. Сите скопјани трпат штета од таквите, среде најголемите горештини нема вода од таквите луѓе, 700 литри вода на жител на Скопје е колку овие ликови трошат на грбот на скопјани и на природниот извор Рашче.
Додека не пикнат еден од овие во затвор, состојбите само ќе се влошуваат, А ДРУГ ИЗВОР НА ВОДА НЕМАМЕ и нема како да се добие вода, бадијала негодувања, бадијала жалење.
На последниот случај сГ фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, наречен Бујо, кој во бес дека се фатени среде неделото, физички ја нападна советничката на Град Скопје, Ирена Витина, пред очите на неговите колеги од МВР, кои не реагираа на нападот, иако беше пред 10 сведоци и целиот настан е снимен од почеток до крај“, изјави Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Подготвена за отворање најголемата градинка во државата „Бамби“ во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го реализираше финалниот инспекциски надзор на новоизградениот објект на детската градинка „Бамби“, која претставува составен дел на детската установа „Фидани“ и ја претставува градинката со најголем капацитет на територијата на цела држава, информираат од Општината.
„Објектот е целосно опремен со современ инвентар и модерен ентериер, во целосна согласност со највисоките стандарди за предучилишни установи. Со капацитет од 350 деца и 22 функционални занимални, овој нов институционален објект обезбедува оптимални услови за ран детски развој, безбедност и благосостојба“, се наведува во соопштението.
Од Општината најавија дека по завршувањето на градежните активности и внатрешното уредување, во наредните денови се очекува да се организира и свеченото отворање на објектот, додека паралелно ќе се финализираат и последните естетски детали кои ќе ја збогатат надворешната и внатрешната визура на градинката.
Македонија
2.500 денари еднократна помош за пензионерите со ниски примања во општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите пензионери со ниски примања да се пријават за еднократна финансиска помош од 2.500 денари, на јавниот повик што ќе биде објавен утре, 9 јули.
Право на пријавување имаат сите кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, при што месечниот износ не смее да го надминува износот од 26.157 денари, односно просечната пензија исплатена во мај 2025 година.
„И годинава не ги забораваме пензионерите. Продолжуваме со поддршка за нашите највозрасни сограѓани. Оваа мерка е знак на нашата постојана грижа и солидарност“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Со барањето потребно е да се достави копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и доказ за последната примена пензија, чек или потврда од банка за месец мај или јуни 2025 година (за старосна, семејна или инвалидска пензија). Корисниците на социјална пензија треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.
Барањето може да се подигне и поднесе во Архивата на Општина Центар, барака број 6, или да се преземе од веб-страницата на општината: www.centar.gov.mk. Документацијата се доставува секој работен ден, од 09:00 до 14:00 часот.
Повикот ќе трае до 18 јули или до исцрпување на предвидените средства, по принципот „прв дојден, прв услужен“.
За реализација на оваа мерка, Општина Центар обезбеди 5 милиони денари од буџетот за 2025 година.
Македонија
(Видео) СДСМ: Нов бран економско тонење, животниот стандард уништен

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја туркаат државата во економски хаос – инфлацијата вртоглаво расте, животот станува се поскап, стандардот на граѓаните од ден во ден се влошува, обвини Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.
Според неа, Македонија се наоѓа во нов, длабок бран на економска нестабилност.
„Последните податоци за раст на инфлацијата на годишно ниво од 4,5 % се резултат на погрешните економски политики на Владата, за што ги плаќаат граѓаните. Во секој сектор статистиката бележи раст – трошоците за храна и безалкохолни пијалаци во јуни 2025 споредено со јуни 2024 се зголемиле за 6,3 %, облека и обувки за скоро 3%, за 2% на годишно ниво се зголемле трошоците за сметки, за 3,2% трошоците за здравствена заштита се зголемени и така натаму… И ова не се само бројки – тоа е директен удар врз секое семејство, секој дом, секој граѓанин. Една година беше доволна да излезе на виделина неспособноста,неодговорноста и целосната негрижа на Владата на ВМРО ДПМНЕ за граѓаните“, рече таа.
Тренчевска рече дека Македонија и понатаму е на дното во Европа по стандард и дека просечниот македонски граѓанин има само 42% од животниот стандард на ЕУ, Србија и Црна Гора се пред нас.
„Минималната плата нема да се зголеми, просечната плата стагнира, но затоа функционерските плати се зголемуваат. Владата нема пари за повисоки плати за работници, но не се откажува од луксузот на скапи патувања, милиони потрошени на ПР и кампањи, и возење со приватни авиони. СДСМ и во најголемите кризи, ковид пандемијата и енергетската криза, ги зголеми и минималната и просечната плата, со правилни мерки го заштитивме стандардот на граѓаните. Обезбедивме тројно повисока социјална помош, раст на пензиите, милијарда евра поддршка за компаниите – тоа се мерки за реална помош и грижа за граѓаните и стопанството. Цела година континуирано предупредуваме на растечкиот тренд на инфлацијата и дека се потребни конкретни мерки. Сега повторно апелираме владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците“, рече Тренчевска.