Македонија
(Видео) Марковска: По скандалозните злоупотреби на комисијата за Онкологија, никој нема доверба во Мизрахи
И денеска нема закажано седница на анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ втор ден бега, објави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Марковска.
Таа вели дека срамна и неодговорна е злоупотребата на анкетната комисија за случајот на Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи.
„ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат комисијата за ширење невистини и манипулација на граѓаните. Јавноста и ние пратениците се сомневаме дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува. А тоа се потврдува. Во текот на вчерашниот ден Мизрахи и ДПМНЕ направија преседан во македонското Собрание. Заклучоци напишани во белата палата, без ниту еден доказ и без основа, беа прочитани и комисијата прекината, без притоа воопшто и да се направи обид да се дојде до заеднички заклучоци, усогласени од членовите на анкетната комисија. Ваков скандалозен однос кон случајот, кон Комисијата, кон пациентите, е недозволив“, рече Марковска.
Како што додаде, сомнително е и тоа што единствено Милан Ристевски не бил пред анектната комисија, но за тоа дополнително ќе се информираат.
Сега јавноста нема доверба во Мизрахи, ниту во Комисија, вели Марковска.
„Некој што се однесувал скандалозно и неодговорно, кој ги злоупотребувал функцијата во комисијата и македонското Собрание, нема кредибилитет да ја води. Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата, Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата. Случајот на Онкологија по 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, одговорност за сите ќе биде утврдена“, додаде Марковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено утрово на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -8 било Берово и Маврови Анови, -7 во Крушево и Крива Паланка, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Битола, Демир Капија, Виница и Претор, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Куманово, Прилеп, Охрид и Дебар, -2 во Кавадарци, 0 во Велес, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Македонија
В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.
Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот.
Според најавата која се шири на социјалните медиуми од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“, а се повикуваат учество да земат и студентите.
Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.
Македонија
„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев
Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена Фросина Кулакова, немала да се случи ако возачот добил затворска казна.
„Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се’ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени“, напиша тој.