Македонија
(Видео) Маркоска: ДПМНЕ да не бега, веднаш да закаже седница на комисијата за Онкологија
„Трет ден ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи бегаат откако направија срамна злоупотребата на анкетната комисија. Бараме веднаш да се закаже седницата на собраниската анкетна комисија за случајот на Онкологија. ДПМНЕ не може да побегне од вистината. ДПМНЕ не може да побегне од јавноста“, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
„Ваков скандалозен однос не заслужуваат граѓаните, македонското Собрание, пациентите од Онкологија. Јавноста гледа дека на ДПМНЕ воопшто не ѝ била важна вистината, не биле важни пациентите, тие немале намера воопшто нешто да преземат.
Замислете, откако ги фативме како сакаат да ја злоупотребат анкетната комисија, три дена ДПМНЕ бега од комисијата што ја води претседателка од нивната партија.
Се потврдува она во што се сомневавме уште од почетокот, дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја залоупотребува во политички цели.
Наместо да бегаат, ДПМНЕ веднаш да ја свика седницата на собраниската анкетна комисија за случајот на Онкологија.
Како пратеници и членови на комисијата имаме обврска пред граѓаните, пред пациентите, да донесеме соодветни заклучоци и да ја информираме јавноста“, соопшти Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено утрово на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -8 било Берово и Маврови Анови, -7 во Крушево и Крива Паланка, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Битола, Демир Капија, Виница и Претор, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Куманово, Прилеп, Охрид и Дебар, -2 во Кавадарци, 0 во Велес, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Македонија
В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.
Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот.
Според најавата која се шири на социјалните медиуми од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“, а се повикуваат учество да земат и студентите.
Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.
Македонија
„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев
Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена Фросина Кулакова, немала да се случи ако возачот добил затворска казна.
„Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се’ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени“, напиша тој.