Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски
ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките во однос на неговиот кабинет. Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот.
Мицкоски го повтори партискиот став дека мандатот на Заев бил доделен неуставно, бидејќи тој нема докажано мнозинство.
„После час и половина дискусија со Пендаровски, заклучивме заеднички дека Заев изразил уверување дека ќе работи на создавање на парламентарно мнозинство. Пендаровски претходно рече дека ќе додели мандат кога ќе добие уверување за парламентарно мнозиснтво, а не да добие уверување дека ќе работат на обезбедување на мнозинство“, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во изјавата посочи и дека Пендаровски претходно ветил оти ќе ги свика на средба политичките лидери, но тоа не се случило. Истотака, како што изјави Мицкоски, Пендаровски рекол и дека нема да даде мандат на лица што имаат афери, но денеска сето тоа го побил.
Мицкоски го обвини Пендаровски дека ја злоупотребил функцијата претседател на државата. Рече дека институциите се заробени за личен партиски интерес, на сметка на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.