Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето кога директорот на ФЗОМ од СДС трупаше пари во торба

Партијата чиј директор на ФЗОМ, Ден Дончев трупаше туциња пари во торба, во мизерен обид лаже и манипулира за работата на Фондот. Заврши времето кога директорот на ФЗОМ од СДС трупаше туцуња пари во торба, реагира ВМРО-ДПМНЕ на барањето на СДСМ за оставка на актуелниот директор на ФЗОМ.
„Заврши времето кога министерот Филипче договараше провизии од вакцини. Заврши времето на жути@јаху набавките. Заврши времето на обидите за приватизација на јавното здравство од Дубаи лекарот Филипче. За првпат по 8 години има инвестиции во здравството, заврши времето на матните тендери на СДС. Ги разбираме СДС за нервозата зошто работата во здравството ја гледаат низ призма на пари, тие бројат колку тендери би поделиле, и жалат за времето кое помина. Тоа време никогаш нема да се врати. Здравството сега се управува одговорно и за потребите на пациентите“, пишува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства, преку која ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби.
Линијата ќе биде управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, а ќе функционира непрекинато.
„Оваа линија нема да биде само контакт – туку жив канал на комуникација, преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање, и со персонализиран пристап за секој случај “, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција.
Таа рече дека ова е резултат на директна комуникација на терен, особено од страна на работната група за евалуација на повредените, која во изминатиот период работела во непосреден контакт со семејствата и со медицинските тимови.
„Свесни сме дека досега беа преземени повеќе активности – итна здравствена грижа, институционална мобилизација, финансиска и логистичка поддршка, но свесни сме и дека постојат сегменти кои се повторно неопходни“, рече Митева додавајќи дека затоа почнуваат со нова активност, во насока на ветената континуирана поддршка на повредените и семејствата.
„Здравствената и психолошката состојба на повредените се менува секој ден – и дека пред сè, им беше потребно време да се посветат на своето закрепнување. Кога се во состојба на закрепнување и имаат нови барања и потреби ние сме целосно подготвени да им излеземе во пресрет за сите останати состојби со структуриран, отворен и достапен механизам“, кажа портпаролката Митева.
Македонија
ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури.
„Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност на амбиенталниот воздух е висока, потта е уште потешко да испари и ладењето на телото се отежнува.
Кога телото станува премногу топло или има проблеми да ја балансира температурата, тоа може да доведе до чувство на слабост, сува уста, вртоглавица, гадење, прекумерно потење, сува кожа, грчеви. При влошување на т.н. „сончаница“ може да се појават и следните симптоми и знаци престанок на потење, екстремно топла кожа, конфузија (зашеметеност), забрзана срцева фреквенција, отежнато дишење, несвестица и сѐ до смртен исход“, велат од ИЈЗ.
Од Институтот посочуваат дека ранливи групи на население се:
– Лица над 60 години, бремени жени, деца, социјално ранливи, работници на отворено.
– Лица со хронични заболувања како што се: срцевосадови болести, белодробни болести, бубрежни болести, шеќерна болест, со нарушено ментално здравје, дебелина и лица под терапија која го зголемува мокрењето (диуретици, некои лекови за епилепсија, Паркинсонова болест итн.).
ИЈЗ издаде препораки за заштита од топлото време:
1. Избегнување на изложување на сонце (вклучително и работа на отворено) во период 11 – 17 ч.
2. Носете светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и капа со светла боја и широк обод.
3. Останете во затворени климатизирани простории.
4. При неопходен престој на отворен простор во овој период најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
5. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.
6. Внесувајте умерена количина храна. Избегнувајте масна и висококалорична храна како и храна која содржи поголема количина шеќер.
7. Внесувајте голема количина течност (не чекајте да бидете жедни), најдобро вода. Избегнувајте алкохолни пијалаци, пијалаци кои содржат кофеин и екстремно ладни пијалаци.
8. Кога сте во паркирано возило, отворете го прозорецот со цел да овозможите вентилација. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
9. Туширајте се со вода по потреба, алтернативно, ставете ладни облоги и чувајте ги нозете во студена вода.
10. Хроничните болни, посебно оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Освен препораките, Институтот за јавно здравје даде и насоки што да направите доколку не се чувствувате добро.
1. Ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во постудено место колку што е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура.
2. Консумирајте вода или негазиран минерален пијалак за да се рехидрирате.
3. Ако имате болен мускулен грч, најчесто во нозете, рацете и стомакот, веднаш одморете се на студено место и консумирајте течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
Од ИЈЗ појаснуваат ако некој член од Вашето семејство, или лице на кое помагате, има топла и сува кожа, грчеви и/или е во бессознание, веднаш повикајте 194 или 112.
„Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, и подигнете ги нозете над 20 см висина. Отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење, како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода. Не давајте терапија. Ако лицето е во бессознание, поставете го во бочна положба“, велат од Институтот.
Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 10 до 18, а максималните од 25 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 16, а максималната 36 степени.
Од УХМР информираат дека од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вчерашната средба со граѓани во Прилеп, остро ја критикуваше економската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е пример за водење лоши економски политики кои ја туркаат државата во криза.
„Како ВМРО-ДПМНЕ ја менаџира државата? Никако. Тие се класичен пример за тоа како не се води држава – со лоши економски политики. Со цени коишто растат, без никаква иницијатива од Владата и покрај сите механизми коишто ги имаат да ги исконтролираат. Дадено им е на маркетите отворени раце да прават што сакаат. Нема никаква иницијатива за да растат платите“, рече Филипче.
На маалската средба, Филипче ја осуди изјавата на министерката за финансии дека инфлацијата не може да се контролира ако растат платите.
„Излегува министерката за финансии и вели: ако растат платите, не може да се контролира инфлацијата. А што им кажува на граѓаните? Бидете гладни за во државава да нема инфлација. Јас не знам како не ѝ е срам. Не знам со кој образ излегува да го каже тоа. Ние ги зголемувавме платите во најголемите кризи“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.