Македонија
Граѓаните што се фотографирале за пасош во ПС Пролет и МРТВ ќе добијат СМС кога ќе им биде изготвен
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање готови пасоши, од понеделник граѓаните што се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС-орака по изготвувањето на пасошот за да дојдат да го подигнат.
Исто така, граѓаните ќе може на интернет-страницата mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.
„Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС-порака или доколку на интернет-страницата на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен, да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов“, велат од МВР.
Сето ова важи за граѓаните што се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет. Оние што се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таткото на Фросина: Имаме луѓе претворени во наркодилери, убијци и тешко потплатени судии и обвинители
Таткото на починатата Фростина со солзи во очите се обрати пред насобраниот народ, пред Собранието на Македонија.
„Се работи за систем и антисистем. Од една страна системот ни ствара универзални вредности, правила, цивилизациски конектори, начела каде што децата се учат во домовите, во школите, во црквите. Затоа некои од нив зарадни нивниот хуманистички пристап стануваат херои на нашето време. Дозволете ми, Фросина да ја сместам во тие херои на нашето време“, рече Тодор Кулаков.
Судии, обвинители, проценители, извршители, направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повеќе мито, тој добива, истакна Кулаков.
„Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претварајќи се во наркодилери, насилници, убијци заедно со тешко потплатени судии, обвинители и други. Кои што судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повише мито, тој добива. А по поравило без исклучок тоа криминалците и нивните адвокати добиваат“, кажа Кулаков во обраќањето пред насобраниот народ кои по вторпат на протест бараат правда за Фросина.
Фросина Кулакова на 29 јануари на бул. „Партизански одреди“ беше смртно прегазена од автомобил кој го управувал 20-годишниот Васил јованов. Тој веќе е во притвор.
Македонија
(Видео) Граѓаните пред Кривичен порачаа „Не си одиме!“
Илјадници граѓани се уште се наоѓаат пред Кривичниот суд.
Извикуваат „Не си одиме!“ и „Оставка!“.
Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.
22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.
На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.
Македонија
(Фото) Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“
Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа директно до Кривичен.
Овој собир е поголем од претходниот. Собрани се илјадници граѓани.
„Сакаме правда“, „Нема правда, нема мир“ „Правда за Фросина“ извикуваат сите пред судот.
Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.
22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.
На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.