Македонија
„Одењето по невеста е причина повеќе ДПМНЕ да ја изгласа интерпелацијата за Гаши“, велат од партијата Левица
„Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин“, велат од партијата Левица.
Функционерските привилегии се стимулатор на расипничко однесување на функционерите, без разлика дали се избрани или именувани. Нивната секојдневна злоупотреба беше извор на проблеми во претходната Влада, но истото продолжуваат да го прават и функционерите од новиот владин состав.
Дивеењето на коалицискиот партнер на Мицкоски и ДПМНЕ е евидентно уште од конститутивната седница! За збеснатиот Гаши, Левица веќе поднесе интерпелација во Собранието по седум точки и истата чекаме да биде ставена на дневен ред. Бланко – поддршката за избор на претседател на Собранието од редовите на ДПМНЕ останува.
Потсетуваме и дека пред само неколку недели, обезбедувањето на Гаши впери пиштол во полициски службеник на скопскиот аеродром.
Нагласуваме дека Левица е единствената политичка партија која во својата програма и платформа се залага за укинување на привилегиите за функционерите! По однос на злоупотребата на службените возила, мерките кои ги предлагаме се:
– Укинување на привилегиите, патните трошоци и апанажите на избрани и именувани функционери, во сите нивоа на власта;
– Воведување специјални црвени регистарски таблички за службените возила на државните органи, општините и јавните претпријатија;
– Воведување на задолжителни „GPS – локатори”, со цел мониторинг на тоа кој каде и за што ги вози службените возила;
– Ограничување на бројот на службени возила на министерствата на максимум 3-5 автомобили и воведување лимит од максимум цена на возило.
Само со укинување на функционерските привилегии ќе се спречи нивна злоупотреба! Луксузирањето на политичарите на сметка на граѓаните не смее да биде пракса“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

