Македонија
Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ
Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ-канали на 2 март 2020 година вечерта на полноќ.
Операторите ќе продолжат со реемитување на каналите на јавниот сервис: МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал.
Заклучокот за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде во сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение, а операторите нема да наплатуваат за ТВ-услуги за периодот додека трае прекинот.
Ваквиот заклучок на членките на Здружението на ИКТ е последица на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелните и медиумските услуги (ЗААВМУ), што Собранието ги донесе на 16 февруари, а за кои од Здружението велат дека биле донесени по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.
„Имено, законските измени на операторите им наметнуваат обврска да гарантираат за авторските права на програми што тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност за туѓи дејства. Поради тоа, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите што реемитуваат програма не може да имаат ниту контрола ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите пдделни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите. Операторите се принудени да го прекинат реемитувањето на програмските содржини за да избегнат прекршување на законот поради активности што не се под нивно влијание. На 21.2.2020 година повеќе оператори поднесоа заедничка иницијатива до Уставниот суд за поништување на спорните одредби како неуставни и побараа донесување привремена мерка со која веднаш ќе се одложи примената на усвоените законски измени поради нивна неуставност“, велат од Здружението.
Здружението на ИКТ потенцира дека споменатите законски измени се спротивни на ЕУ-директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ.
Операторите велат дека се заинтересирани и подготвени, како и досега, да го вложат целиот свој капацитет и знаење во изнаоѓање прифатливо решение во најкус рок, со што би се избегнале натамошни штети за целата јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

