Македонија
Повик за доделување финансиска поддршка за студенти
Министерството за образование и наука информира дека во тек е повик за доделувањеа еднократна финансиска поддршка на студентите за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање, дел од трошоците за сместување во студентски дом, односно на трошоците за приватно сместување.
Право да аплицираат за една од понудените опции имаат сите студенти чие образование се финансира од буџетот на Република Северна Македонија, а се дел од семејни домаќинства со низок доход.
Износот на еднократниот финансиски надомест изнесува до 6.000 денари.
Аплицирањето се врши на два начина, електронски или непосредно во Министерството за образование и наука. Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, каде што се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари (прикачени на посочената платформа).
Повеќе информации околу условите, критериумите, документите и роковите за аплицирање се наведени во Уредбата со законска сила усвоена за реализација на оваа мерка за поддршка студентите, која е објавена на следниот линк – http://mon.gov.mk/stored/document/Uredba_za_participacija.pdf.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Моето извинување беше заради неодговорните градоначалници на Арачиново и Липково, работата на Лимани е за највисока оценка
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека градинките во општините Липково и Арачиново ќе бидат функционални, а неговото извинување дел од медиумите погрешно го пренесоа, затоа што тој им се извини на граѓаните на овие две општини заради неодговорните градоначалници.
„Забележав дека дел од медиумите погрешно го пренесоа извинувањето, тоа беше до граѓаните на Липково и Арачиново заради непријатностите предизвикани како резултат на изјавите на неодговорни градоначалници. Што се однесува до работата на Фатмир Лимани можам да кажам дека би ја оценил со највисока оцена, нешто кое што претпоставувам дека вие како ДУИ изминатите години исто такво мислење имавте за него“, рече премиерот Мицкоски на пратеничко прашање од пратеничката Рина Ајдари за градинките во Арачиново и Липково.
Премиерот Мицкоски истакна дека како претседател на влада е исклучително задоволен од работата на министерот Лимани и го охрабрува така да продолжи да работи.
„Што се однесува до начинот како функционира системот на обезбедување на согласност од Министерството за финансии, сакам да кажам дека тој процес започна институционално од самите општини до Министерството за социјална политика, демографија и млади. Што значи дека министерот Лимани потпишал, не е точно дека не потпишал и го испратил тој документ до Министерството за финансии од каде добил повратен позитивен одговор“, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски потенцираше дека до крајот на оваа недела проблемот се очекува да биде расчистен.
„Во текот на вчерашниот ден комуникацијата е реализирана од министерот Лимани до самите општини и градинките, кои за жал ДУИ додека беа во влада не ги пушти, ќе бидат оперативни и функционални“, рече премиерот.
Премиерот Мицкоски и порача на пратеничката наместо да ги става децата во политичка битка има полегитимни начини како политички да се борат.
„Има поконкретни начини како тоа да го направите, но вие одлучивте да ги злоупотребувате децата. И тоа, според мене не е добро, но тоа е ваша одлука и вие мислите дека така треба да ја водите вашата политичка битка“, изјави премиерот Мицкоски.
Македонија
Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од ДУИ дека нема да дозволи политички притисоци да го прекршат законот и ја подвлече заложбата на Министерството за јавна администрација за спроведување на реформите базирани на законска основа и транспарентност.
„Господине Беџети, апсолутно Ве разбирам дека мора да отворате теми од етнички карактер, имајќи ја предвид состојбата на Вашата партија и коалиција. Разбирам дека ова е нужно во контекст на напуштањето на Вашите коалициски партнери од европскиот фронт, раслојувањето на членството на ДУИ во коалицијата ‘ВРЕДИ’, како и преминот на многу од нив во други политички структури. Исто така, ја разбирам потребата да отворате теми заради актуелните состојби со Вашите функционери кои се наоѓаат на црната листа на Стејт департментот.“ – изјави министерот Минчев.
Во однос на дигиталната алатка „Балансер“, Минчев појасни:
„Балансерот беше дигитална алатка воведена во 2015 година како дел од имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Сепак, со одлуката на Уставниот суд од 2024 година, оваа алатка е укината. Мојот став е дека Балансерот, кој требаше да овозможи правична застапеност, беше злоупотребуван за политички цели. Министерството под мое раководство направи корекции за да се врати правичната примена согласно Законот за вработени во јавниот сектор, кој строго предвидува почитување на етничката застапеност врз основа на последниот попис.“
Министерот Минчев потенцираше и примери за злоупотреби во именувањата на вработените:
„Агрон, Фатмир и Исмет беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански, а Зоран како бошњачко име – што се само дел од еклатантните злоупотреби на Балансерот.“ – истакна тој, додавајќи дека министерството за јавна администрација останува посветено на обезбедувањето правична застапеност и професионализација на јавниот сектор, во корист на сите граѓани на Република Македонија.
Македонија
Oпштина Бутел го усвои буџетот: „Советниците од ДУИ не покажуваат никаков интерес за граѓаните“
Денес на седница на Советот на oпштина Бутел беше усвоен најголемиот проектиран буџет од 828 милиони денари.
Усвоениот буџет е развоен буџет и буџет кој е наменет исклучиво во служба на граѓаните, велат од општината, додавајќи дека буџетот за жал не го поддржале советниците од ДУИ.
„Советниците од ДУИ не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, не поддржаа асфалтирање на нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржаа развојот на општина Бутел. Советниците на ДУИ 20 години не покажуваат никаков интерес за граѓаните на општина Бутел“, велат од општина Бутел.
Во буџетот за 2025 год. се предвидени 178 милиони денари за капитални проекти.
Со овој буџет се издвоени финансиски средства за реализација на парк во населбата Радишани, пешачка патека покрај река Серава, детска градинка во Бутел 2,уредување на речното корито на река Серава, реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел, реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици, изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација, изградба на нови спортско-рекреативни центри, нови детски игралишта, нови спортски игралишта,нови пешачки и пристапни патеки, поддршка на спортски клубови, спортски стипендии, субвенционирање за кровови и фасади, парична помош за пензионерите,зголемен број на финансиски средства за помош на социјално-загрозени семејства и средства за културни и спортски настани.
Се додва дека со овој буџет не се предвиени средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.
Општината најавува дека 2025 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места.