Македонија
Почина Ферус Мустафов
По кратко боледување, синоќа почина кралот на ромската музика, музичарот Ферус Мустафов.
Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на неговото семејство.
Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш се наоѓаше во болницата „8 Септември“.
Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.
По една година воена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација играјќи на вечерни танци, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога во експлозијата на популарноста на народната музика што се случила таму во тоа време. Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се Глобус Стил и Тропски. Настапуваше во голем број земји во светот и сними десетина албуми, главно со инструментални композиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток
Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, на собраниската седница праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник, може да се откаже од мандат, ако го нема.
„Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток. Не соодветствува со вашиот извештај. Да видиме каде сѐ погрешивте со верификувањето на мандатите – рече Апасиев, толкувајќи дека градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, немал право на своја рака да даде изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат, туку тоа требало да го констатира Собранието, а не Верификационата комисија“, потенцираше Апасиев.
„Кога се кандидираме за пратеници, поднесуваме изјава до ДИК. Оваа изјава е неотповиклива до моментот на верификацијаа на мандатот. Значи, не може да повлечете нешто што немате! Овие две изјави си ги потпишал Касами, сега се откажува од мандатот поради потреба. Која потреба? Сам се кандидираше за пратеник. Како можеш да се откажеш од нешто што го немаш? Вие како Верификациона комисија имате право да оспорите мандат, а не тој сам да си го оспорува. По сила на закон, сега треба да има избори во Тетово за да се бира нов градоначаалник, бидејќи по Извештајот на ДИК, Касами има мандат за пратеник. Што вели Деловникот за одземање на мандат? Пратеник може да поднесе оставка, но Собранието мора да ја констатира без претрес“, поентираше Апасиев.
Македонија
„Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, опасно по живот“, предупредува ЦУК
ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата „Рапид Билд ДОО“ дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година:
– на делницата од црквата св. Мина во Сопиште (км 17+401) до Полициска станица Глумово (км 28+400), од 30 мај до 12 јуни;
– на делницата од Полициска станица Глумово (км 28+400) до селото Паничари, општина Сарај, (км 37+400), од 7 јуни до 16 јуни и
– на делницата од селото Паничари, општина Сарај (км 37+400) до пред село Ларце, општина Желино (км 47+829), од 12 до 22 јуни годинава.
Во известувањето до ЦУК, „Рапид Билд“ известува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје – Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен.
Од страна на ЦУК дополнително се информирани МВР, ДЗС, ЈП Национални Шуми, ЈП за стопанисување со пасишта, Град Скопје и општините Сопиште, Карпош, Сарај, Желино, Тетово, Брвеница и Гостивар.
Македонија
Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага.
Како што извести МНР, станало збор за актуелните настани во Северна Македонија, при што Османи брифираше за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста.
„Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата и регионот“, нагласи Османи
Воедно, Османи се заблагодари за континуираната поддршка од САД за реформските процеси, борбата против корупцијата и демократскиот развој на Северна Македонија. Ја нагласи и посветеноста на земјава во спроведувањето на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој Османи и Блинкен заеднички го лансираа во Вашингтон, во јуни 2022 година.
Соговорниците се осврнаа и на руската воена агресија во Украина, истакнувајќи дека „како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за украинскиот народ“.