Македонија
Регистрирани 324 нови случаи на коронавирус, починаа 3 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.290 теста, а регистрирани се 324 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 207, Битола – 19, Прилеп – 17, Охрид – 13, Куманово – 11, Кавадарци – 9, Тетово и Велес – по 6, Неготино – 5, Кичево и Гевгелија – по 4, Гостивар, Струмица, Кочани, Виница и Кратово – по 3, Струга и Крива Паланка – по 2, Ресен, Радовиш, Валандово и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број позитивни (324), регистрирани се 49 реинфекциии.
Регистрирани сe 287 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 175, Битола – 24, Велес – 18, Прилеп – 16, Кавадарци – 9, Куманово – 8, Гостивар – 6, Охрид, Струмица и Кочани – по 4, Тетово и Неготино – по 3, Кичево, Гевгелија, Виница, Струга и Ресен – по 2, Кратово, Крива Паланка и Штип – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Велес (70), починато е во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени две починати лица од: Кичево (75) и Ресен (83). Починатите се пријавени на 4.3. и на 5.3.2022 година. Пријавените лица се починати во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (3), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.290 теста преку: ИЈЗ – 255, ЦЈЗ Скопје – 88, ЦЈЗ Битола – 83, ЦЈЗ Прилеп – 34, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 193, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 50, „Авицена“ – 52, „Биотек“ – 75, „Систина“ – 43, лабораторија „Лаор“ – 52, „Синлаб“ – 18, „Ремедика“ – 9, „Плодност“ – 18, „Генеа“ – 12, „Никоб лаб“ – 146, „ВФВ медикал“ – 36, „Ели медика плус“ – 15, „Ројал медика“ – 3, „Спектра-ММ“ – 14, „Рапид лаб“ – 9, „Жан Митрев Струмица“ – 3, „Нова лаб дијагностика“ – 12, „Рамус“ – 14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 998.
Досега во земјата се направени вкупно 1.930.788 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.548, бројот на оздравени пациенти е 291.431, на починати е 9.162, а бројот на активни случаи изнесува 1.955.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 141.485, Активни 1.066
Куманово 16.429, Активни 74
Битола 14.511, Активни 124
Прилеп 13.837, Активни 137
Тетово 13.387, Активни 41
Кавадарци 10.311, Активни 70
Велес 9.613, Активни 56
Гостивар 9.503, Активни 29
Охрид 8.623, Активни 82
Струмица 7.956, Активни 27
Штип 7.944, Активни 18
Кичево 5.506, Активни 36
Кочани 5.010, Активни 20
Струга 4.673, Активни 17
Гевгелија 4.315, Активни 24
Неготино 3.637, Активни 10
Ресен 2.651, Активни 24
Свети Николе 2.609, Активни 3
Радовиш 2.499, Активни 14
Крива Паланка 2.398, Активни 11
Делчево 1.902, Активни 2
Дебар 1.660, Активни 10
Берово 1.635, Активни 4
Валандово 1.469, Активни 9
Виница 1.369, Активни 14
Пробиштип 1.259, Активни 2
Богданци 1.009, Активни 4
Кратово 955, Активни 13
Крушево 913, Активни 4
Демир Хисар 821, Активни 5
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 583, Активни 2
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 483, Активни 1
Дојран 340, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Викендов дожд со температури под просекот за овој период од годината

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информира УХРМ.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Македонија
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе добие Факултет за медицина

Владата ја разгледа и усвои информацијата за потреба за основање на Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
„Формирањето на Факултетот за медицински науки и здравство како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола претставува стратешка неопходност за унапредување на здравственото образование особено во Пелагонискиот и Југозападниот регион на Република Северна Македонија“, велат од Владата.
Новоформираниот факултет ќе има задача да биде правен наследник на Високата медицинска школа, каде освен тригодишни студии ќе може да се акредитираат четиригодишни студиски програми по медицински сестри и акушерки.
Од Владата велат дека имајќи го предвид фактот дека е потребно време да се испочитуваат мислењата од сите надлежни институции, како на пример да се разгледа проектот за основање на Факултетот за медицински науки и здравство како единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола од страна на Одборот за акредитација на високото образование, да се донесе закон за основање, и да се испочитува членот 149 од Законот, каде е наведено дека запишувањето на студии се врши врз основа на јавен конкурс кој го објавува универзитетот, односно самостојната висока стручна школа кој ги реализира студиите најмалку пет месеци пред започнувањето на наставата, Министерството за образование и наука предложи Факултетот за медицински науки и здравство да отпочне со работа од студиската 2026/2027 година, а во меѓувреме да се завршат сите постапки согласно Законот за високо образование.
Македонија
Ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во училиштата, најави Владата

Владата најави дека ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта.
Владата ја разгледа и усвои информација за обезбедување на буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта.
Во рамките на Министерството за образование и наука се реализира проектот – Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта. Истиот има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.
„Изградбата на училишни спортски сали е дел од програмата на Владата и е уште еден од проектите кои започнуваат постапка за нивна реализација. За таа цел, Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување на буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта и даде согласност за преземање обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2026, 2027, 2028 и 2029 година за заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта“, се наведува во соопштението.