Македонија
„Само ЈО го штити и не го гледа криминалот на Филипче во модуларната, вработените во Министерството знаеле, затоа и не сакале да ги потпишат договорот и анексот“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Најголемата одговорност за криминалните модуларните болници, кои биле набавени како стоки со лош квалитет и леснозапалив материјал, со кредит од Светска банка е единствено кај Венко Филипче. Филипче, како тогашен министер за здравство, сега претседател на СДС, исто така е најодговорен за пожарот во модуларната болница во Тетово која целосно изгоре за само две минути, а со себе одзеде 14 животи“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова секојдневно се потврдува со скандалозните детали од аферата „Провизии кои чинат животи“, која исто така покажа дека на Венко Филипче профитот од провизиите му бил на прво место, наместо здравјето и безбедноста на граѓаните.
Криминалното дејствување на Филипче, со цел да се спаси од одговорност, но и битката за уште провизии продолжи и по трагедијата во Тетово, така што тој противзаконски потпиша ништовен анекс на договорот за на изведувачот на модуларните болници да му ја зголеми цената за 20% за да ги смени панелите на другите болници со огнотпорни материјали.
Но, овој анекс кој го изготвил Филипче, не сакало да го потпише ниту едно стручно лице, затоа што сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово.
Во ревизорскиот извештај направен по заминувањето на Филипче од здравство, констатирани се пропусти и противзаконски дејствија, додека во правното мислење од извештајот за анексот потпишан од него стои дека со цел да се спречат идни незаконски, правни и фискални импликации, договорот најитно треба да се раскине.
Лицето задолжено за проектот, не постапило по извештајот на проектната единица и на своја рака продолжувало да комуницира со изведувачот и врши притисок да се продолжи реализацијата според основниот договор и да се наплаќа по тие цени.
Се до септември 2022 година не се презема ништо и не се раскинува договорот, со што изведувачот го стави во поволна состојба за поднесување тужба за надомест на штета.
И од тука па натаму, цела тогашна влада на СДС се става во функција да го спаси Венко Филипче од одговорност.
Поради тужби за камати, министерството доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите и Владата на 11.07.2023 година носи одлука со која се одобрува исплата преку спогодба.
Иако постоел внатрешен ревизорски извештај, подготвен пред заминувањето Министерството, поради тужби за камати, доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите. Владата носи одлука на 11.07.2023 година со која се одобрува исплата преку спогодба.
Но и оваа спогодба не сака да ја потпише никој од проектната единица, затоа што знаеле колку е корумпирана и криминална оваа работа, со 20% провизија која завршила во нечиј џеб.
Криминалот на Венко Филипче секој го гледал, освен Јавното обвинителство кое наместо да отвори постапка, упорно молчи и го штити.
Криминал на Филипче има и во пуштањето во употреба на модуларните болници без одобрение од министерството за поставување и употреба, кои биле спротивни на Законот за градење и во кои не смеело да се обавува здравствена заштита.
Исто така, лично Венко Филипче го правел тендерот за модуларната кој дал листа со напишана спецификација.
Вистината за модуларната болница, јавноста заслужува да ја дознае, но и обвинителството да постапи.
Аферата „Провизии кои чинат животи“, го откри вистинското лице на Венко Филипче“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

