Македонија
Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петрушевски: На управителот на бугарски фирми, во слободно време претседател на СДС, Венко Филипче во прв план му е бизнисот во Бугарија

Управителот на бугарски фирми во слободно време претседател на СДС Филипче и ден денес, една година откако е лидер на опозицијата сè уште е управител на бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост.
Венко Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр.12, адреса која ја дели со многу фирми на Заеви, вели Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Пауер Ај 8 е фирма регистрирана за изградба на згради, продавање на станови, нивно издавање, потоа за трговија, но и за хотелска дејност.
Венко Филипче, управителот на бугарска фирма во слободно време претседател на СДС да каже што точно работи со фирмата и кои се неговите интереси во Македонија и Бугарија, но и во други држави од соседството и Персискиот залив. Мораме да потенцираме дека статусот на фирмата е активен, а тоа лесно може да се види по електронските регистри кои дозволуваат слободен пристап до информации за фирми“, додаде Петрушевски.
Според него, Венко Филипче нема простор да бега од одговори, туку веднаш да каже, дали е претседател на СДС за лесно да му врват работите во бизнисот со Бугарија, или е во бизнисот во Бугарија за полесно да му оди управувањето со СДС.
Македонија
(Видео) Kузеска: Нема правда за Кочани, власта ги штити своите

Односот на власта кон трагенцијата во Кочани ја покажува самиот премиер Мицкоски кој ги етикетира оние луѓе коишто бараат правда односно најблиските од семејствата на загинатите млади луѓе во дискотеката Пулс, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Нема правда за Кочани, власта не е испорачува никаква правда туку заштита за своите. Тоа го видовме. Дел од заштитените кои биле началници во исто време гледаме дека биле и дел од изборниот штаб на ВМОР-ДПМНЕ. Сите оние други коишто биле инволвирани се под заштита на Мицкоски. Тоа не е правда, тоа е неправда“.
Според Кузеска, селективни апсења и жртвени јагниња не се правда.
Правда, како што вели, ќе има кога ќе има истраги и одговорности за оние кои денес се под закрила на премиерот а се друго сметаат во СДСМ дека е замајување на јавноста и бегање од одговорноста којашто ја имаат директно функционери коишто се блиски, односно се дел од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Во Центар сигурно победуваме, вели Герасимовски

Актуелниот градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, е убеден дека по втор пат ќе ја добие довербата на центарци, заради сработеното но и многуте планови од интерес на граѓаните.
На работната средба со новинарите, Герасимовски посочи дека во изминатиот период општината, раководена од него, работеше и работи транспарентно и отворено, и секогаш е достапна за граѓаните.
„Советот на општината и јас како градоначалник, сме пример за работење на локална самоуправа на територија на државата, ние сме меѓу малкуте општини каде што претседателот на советот доаѓа од друга политичка партија и одлично функционира изминатите три и пол години. Се прифаќаат предлози од сите советнички групи, без разлика на нивната политичка партија. Тоа што е издржано, тоа што е во интерес на граѓаните и за тоа што имаат финансиска поддршка, секогаш се прифаќа и од моја страна и од страна на советниците”, рече Герасимовски, нагласувајќи дека политиката е комплетно тргната настрана од работењето на општината.
И затоа според него, сработеното од него и од неговиот тим, дава право да се кандидира како градоначалник за втор мандат и секако да се добие локалната изборна трка.