Македонија
Тошковски: Нова дигитална услуга на МВР за електронско издавање на уверение за државјанство во секое време, достапна преку uslugi.gov.mk

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk
„Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата.“, истакна министерот Тошковски.
Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.
Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
13 обвинети признаа вина за случајот со измами со инвалидиските пензии и тужа нега – пресудена затворска казнам“ – 36 обвинети и 13 спогодби во случајот со измами за инвалидски пензии и туѓа нега

Според доказите, обвинетите се организирале во две криминални групи кои во текот на 2023 година и до април 2024 година посредувале и незаконски овозможувале добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија, во замена за парични средства. Цената за овие услуги се движела од 150 до 5.000 евра, зависно од видот и времетраењето на правото што се обезбедувало.
Организаторите и припадниците на групите – меѓу кои се и лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи – користеле своја службена положба и реално влијание за незаконско издавање на медицински мислења и одлуки во корист на барателите на права. На овој начин, биле заобиколени одредбите од Законот за социјална заштита.
Во досегашниот тек на постапката, 13 обвинети склучија спогодби со обвинителството и врз основа на истите Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди при што првообвинетата е осудена на единствена казна затвор во траење од три години и шест месеци за кривично дело – Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање поткуп, воедно ѝ се одземаат и противправно стекнати 15.000 евра, а на останатите кои се спогодија им е изречена алтернативна мерка – условни осуди на казна затвор од 1 до 2 години, која казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три односно пет години не сторат ново кривично дело, од нив на едно лице му се одзема имотната корист која настанала како резултат на извршување на кривичното дело – надоместок за помош и нега од друго лице во вкупен износ од 36.520,00 денари, а на едно лице противправно стекнатата имотна корист од 2.360 евра и 81.000 денари.
Со обвинителниот акт јавниот обвинител му предложи на судот на обвинетите да им бидат продолжени веќе изречените мерки на обезбедување – мерка притвор за пет лица и мерка куќен притвор за пет лица, а за останатите обвинети мерки на претпазливост.
Македонија
СДСМ: Предлог-резолуцијата со Бугарија е штетна – ВМРО-ДПМНЕ отвора затворени прашања

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, оцени дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен и претставува нов удар врз македонските национални позиции.
„Станува збор за свесно враќање наназад. Клучното прашање е зошто се отвораат теми кои се веќе затворени, кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и Европа“, изјави Костова како одговор на новинарско прашање.
Според неа, ваквиот потег му дава дополнителен маневарски простор на бугарскиот политички фактор за нови условувања.
Таа оцени дека ВМРО-ДПМНЕ нема никакво влијание во Европскиот парламент, што, како што рече, се покажало и со гласањето за последниот извештај за Македонија.
Македонија
(Видео) Костова: Трошоците за живот растат, на четиричлено семејство му се потребни над 65.000 денари за основни трошоци

Граѓаните од месец во месец се посиромашни – трошоците за живот растат, а платите стагнираат. Според последните податоци, на едно четиричлено семејство во јули му се потребни над 65.000 денари само за основни трошоци. Само за храна, им требаат речиси 24.000 денари. Тоа е повеќе од минималната плата која стои ниско во место, додека цените пробиваат плафон, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.
Таа додаде дека за само три месеци, синдикалната кошничка е поскапа за 2.637 денари, а годишната инфлација достигнала 4,5%.
„Ова не се бројки на „четврта економија“, туку алармантни податоци за економија во колапс. Јасен, недвосмислен доказ за целосниот дебакл на економските политики на Владата на Христијан Мицкоски. И во вакви услови, додека народот не знае што ќе стави на трпеза, наместо да преземе мерки, Мицкоски прави весела математика со „пет типови синдикални кошнички“.
Фактот дека народот нема пари не може да се сокрие со инженеринг во бројот на кошнички“, рече Костова.
Кога станува збор за функционерите, додаде таа, има пари, а за народот нема.
„Македонија е на дното по животен стандард во Европа. Време е Владата да престане со ПР и калкулации и конечно да ги прифати мерките што СДСМ ги предлага од првиот ден: зголемување на минималната плата на 500 евра и укинување на ДДВ на храна. Ова се вистински, конкретни чекори што ќе донесат реална помош и ќе го подобрат стандардот на граѓаните“, рече Костова.