Забава
(Видео) Македонија организатор на Светското првенство во хипхоп 2024

Клубот „Брејк а лег“, в година, од 8 до 17 октомври, ќе го организира Светското првенство во хипхоп и стрит денс-шоу, што ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Основачот на студиото, Трајче Петковски, го потпиша договорот за организирање на сСетското првенство на прес-конференцијата на Светската танцова организација (ИДО), што се одржа во Полска во присуство на претседателот на ИДО, д-р Велибор Срдич, организаторите Ана Бијали и Валдемар Кречко.
Петковски истакна дека повеќе од 4.500 натпреварувачи од над 30 земји од 5 континенти ќе се натпреваруваат во дисциплините хипхоп и стрит денс-шоу во повеќе возрасни категории.
„Светското првенство е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчари со неверојатни вештини и страст за танц. Упатувам голема благодарност до Светската танцова организација, која искрено го препозна нашиот долгогодишен труд, но и заложба за развивање на модерните танци во земјата. Се гордеам што в година ќе бидеме организатори на овој важен настан и ветувам дека ќе понудиме одлична програма, која ќе го привлече вниманието на љубителите на танцот и на сите граѓани“, рече Петковски.
Во своето 15-годишно постоење „Брејк а лег“ има освоено многубројни награди на меѓународни натпревари. Во 2016 година беа светски вицешампион, една година подоцна европски шампион и во периодот од 2010 до 2023 секоја година се финалисти на Светското првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џеј Ло настапи во Абу Даби во леопард комбинезон, снимката има 16 милиони прегледи

Џенифер Лопез одржа два големи концерти во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а клип од настапот што го сподели на Инстаграм и ТикТок собра повеќе од 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
Џеј Ло веќе некое време немаше настапи, но неодамна направи исклучок со настапот во Дубаи на отворањето на луксузен хотел. Потоа следеа два распродадени концерти во Абу Даби, а снимките од тие настапи брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Забава
Блејк Лајвли за насловната страница на „Холивуд Репортер“: Срамна и сексистичка

Блејк Лајвли, кој е во правен спор со Џастин Балдони поради наводите за сексуално вознемирување на снимањето на филмот It Ends With Us, остро го критикуваше таблоидот „Холивуд Репортер“ за начинот на кој го објави случајот.
На актерката не и се допадна како „Холивуд Репортер“ го покрива правниот процес меѓу неа и Балдони. Овој таблоид објави фотографија од Лајвли на насловната страница на која се гледа како таа го фрла мобилниот телефон додека околу неа се прикажуваат пеперутки.
„Холивуд репортер треба да се срами. Оваа фотографија е крајно навредлива затоа што се потпира на сексистички стереотипи за жените кои се осмелуваат да пријават недолично однесување на работното место, прикажувајќи ги како агресори и сугерирајќи дека заслужуваат одмазда. Понатаму, написот е крајно проблематичен затоа што се обидува да ги оправда документираните случаи на сексуално вознемирување и одмазди нарекувајќи ги културни недоразбирања“, напиша актерката.
Блејк првично го обвини Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација во жалбата до Одделот за граѓански права во Калифорнија. Во изменетата тужба сега стои дека однесувањето на актерот предизвикало непријатност кај другите жени на филмскиот сет.
Балдони потоа поднесе противтужба против Блејк и Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари. Адвокатите на Блејк ова го нарекоа „уште едно поглавје во книгата на насилникот“, што адвокатот на Балдони го смета за „глупост“.
Забава
Тони Цетински: Мојот официјален профил на Инстаграм беше хакиран

Хрватскиот пејач Тони Цетински вели дека некој му го хакирал профилот на Инстаграм.
„ВАЖНО! Мојот официјален профил на Инстаграм е хакиран и одземен. Правиме се што можеме за да го вратиме“, напиша 55-годишниот пејач предупредувајќи ги своите следбеници.