Контакт

Соопштенија

Адеми: Секојдневно расте поддршката за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО

Објавено пред

Демократската унија за интеграција смета дека кампањата за референдумот за членство во НАТО и Евроспката Унија, што ќе се одржи на 30 септември, се одвива со висок степен на ефикасност и ефективност, вели Арбер Адеми, портпаролот на ДУИ.

„Секојдневно се јакне граѓанската поддршка по однос на заложбите за интеграција на Македонија во Европската Унија и НАТО. Централниот штаб за референдумот на 30 септември е максимално оперативен на терен и тековно на дневна основа остварува средби со илјадници наши сограѓани, со академската заедница, цивилното општество и многубројни други интересни групи.

На средбите на кои е присутен и лидерот Али Ахмети, како и највисоките раководни партиски структури, пратениците и активисти од разграноците, се презентираат придобивките од членството во европското и евро-атлантското семејство до сите оние што се цврсто уверени или, пак, можеби во минатото помалку верувале во градењето успешна иднина и севкупен државен просперитет преку остварувањето на најголемата национална стратешка определба, дефинирана уште од осамостојувањето на земјата“, рече Адеми.

Тој истакна дека по среќавањето со десетици илјади граѓани, сметаат дека оптимизмот и позитивната мисла кај граѓаните од ден на ден сè повеќе се зголемуваат, што им дава право да веруваат во успешноста на претстојниот референдум.

„Бројот на поддржувачи, поединци со идентична мисла и цел како нашата, континуирано расте. Тоа го увидуваме од интересот за присуство и текот на разговорите за време на средбите. Затоа, денес ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат вечерва во 19 часот на плоштадот Скендербег во Скопје, да се приклучат на централниот собир што Демократската унија за интеграција го организира во рамките на тековната кампања за успешно спроведување на референдумот, а на кој ќе се обрати и претседателот на партијата, Али Ахмети“, порача Адеми.

Тој ги повика граѓаните да ја прифатат, како што рече, подадената рака и да влезат низ вратата од Европа и светот.

Соопштенија

Димков: СДСМ со денови ја опструира работата на постојаната анкетна комисија

Објавено пред

СДСМ со денови ја опструира работата на постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Императив за секој пратеник е претставничката улога што ја има во законодавниот дом и заштитата на правата и слободите на граѓаните би требало да биде на прво место, изјави Трајчо Димков, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно ги повикуваме пратениците на СДСМ да одговорат зошто не доаѓаат на оваа значајна комисија и со тоа ја попречуваат нејзината  работа. За информација на јавноста, на СДСМ не му одговара заклучокот што неминовно ќе произлезе доколку заседава оваа комисија, а се однесува на скандалозниот закон за управување со Охрид како заштитено подрачје под УНЕСКО, што го поднесе во Собранието, па експресно го повлече и отиде со лажен закон пред комитетот на УНЕСКО во Баку.

Освен тоа, на заинтересираните, поточно невладината ФРОНТ, им е оневозможено слободен пристап до информации од јавен карактер. Собранието не може да донесе заклучок за да се утврди одговорност на носителите на јавните функции и да помогне во заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Ги прашуваме пратениците дали само она што ѝ одговара на власта е од јавен интерес и зошто тие како претставници на граѓаните не овозможуваат штитење на јавниот интерес. Преку оваа анкетна комисија СДСМ си ја покажа дволичноста пред целата македонска јавност“, порача Димков.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Црните сценарија што ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните

Објавено пред

Исплашен од поразот што му следи, Заев се обидува да ги заплаши граѓаните дека доаѓа крајот на светот ако не се согласуваат со неговиот капитулантски договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека се ближи денот кога Заев ќе треба да одговара за тргувањето со државните и националните интереси за продажбата на јазикот и историјата.

„Тој се служи со апокалиптични сценарија претставувајќи дека единствениот начин за преживување е неговото виткање на ‘рбетот. Македонските граѓани се свесни дека единствената причина поради која Заев го потпиша капитулантскиот преспански договор беше за да ги покрие сопствените криминали преку кои тој го оштети државниот буџет за стотици милиони евра. Граѓаните знаат дека тој договор беше обид за спас на Зоран Заев и неговите пајташи, а не за спас на Македонија и граѓаните.

Преспанскиот договор, наместо подобар живот, на граѓаните им донесе заробени институции, секојдневни престрелки на улиците и афери, како „Рекет“, „Сархемс“, „Леонардо“, но и крвави тендери и концесии за марихуана, од кои единствена корист има Заев и врхушката на власт околу него.

Ни трага ни глас нема од нови болници, училишта, студентски домови и студентски град, 500 километри автопати, големи инвестиции, како „Гугл“ и „Фејсбук“, а нема ни почист воздух. Нема ништо од тоа што го ветуваше кога на плоштадите ветуваше живот за сите, а животот дојде само за него и функционерите на власт.

Наместо живот, донесе сиромаштија и беда, јавниот долг вртоглаво расте, а повеќе од половина милион граѓани на Македонија едвај преживуваат. Затоа, граѓаните ќе го казнат Заев. За сите овие злодела и порази што ги испорача изминативе три години.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство, ќе стори сè што е можно за да ги коригира штетите што Зоран Заев ѝ ги направи на Република Македонија. Toa не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега. Црните сценарија што ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните. Заев повеќе никогаш нема да биде премиер и ќе биде жестоко поразен на 12 април, а после тоа следува обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од опозициската партија преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Законските измени обезбедуваат подобри услови за работа во Армијата

Објавено пред

Измените во Законот за служба во Армијата, усвоени по предлог на Владата, обезбедуваат подобра армија, подобри услови за работа во Армијата и градење кадри по стандардите на НАТО, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

„Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80 отсто од десетте најдобри години, како и повисоки испратнини при пензионирање. Овој закон го регулира и прашањето на војниците што полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање“, појаснуваат од СДСМ.

Владејачката партија оценува дека измените на законот овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Култура8 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет9 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт9 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет10 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион12 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет14 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија15 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија16 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија17 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија17 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет18 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет19 часа

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет20 часа

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија20 часа

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион20 часа

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава23 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија1 ден

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија2 дена

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија2 дена

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија2 дена

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Досие