Контакт

Соопштенија

Александар Николоски во Вашингтон на средби со високи претставници на САД

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, престојува во четиридневна работна посета на Вашингтон. Во рамките на посетата Николоски ќе учествува на молитвениот појадок, кој еднаш годишно се одржува во Вашингтон во организација на претседателот на САД. На молитвениот појадок учествуваат лидери од целиот свет, а главен говорник оваа година е претседателот на САД, Доналд Трамп. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Николоски покрај на молитвениот појадок, поканет е да учествува и на средбата на меѓународни лидери.

Покрај учеството на молитвениот појадок и активностите поврзани со истиот, Николоски ќе оствари средби и со високи претставници на администрацијата на САД, средби во Стејт департментот, средби во Сенатот и Претставничкиот дом на САД, како и средби со тинк-тенкови и влијателни организации. Се очекува Николоски да оствари средба со претседателот на Националниот демократски институт (НДИ) Дерек Мичел, директорот за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Пол Меккарти. НДИ и ИРИ се двата најголеми светски институти, едниот близок со Републиканската партија, а другиот со Демократската партија.

Исто така, Николоски се очекува да оствари средба во Стејт департментот со заменикот на помошник-секретарот Метју Палмер, како и во Сенатот со сенаторот Мајк Ли, а во Конгресот се очекува да се сретне со конгресменот Роберт Аделхорт и конгресменот Мајк Дојл. Николоски ќе оствари средби и со Даниел Сервер, еден од водечките луѓе во финансиите и поранешен претседател на Младите републиканци, Ерик Хоплин, неколку новинари, како и креатори на јавно мислење во Соединетите Американски Држави итн. Николоски ќе оствари средби и со македонската дијаспора во САД.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ:Записникот од исказот на сведок во ,,Рекет” потврдува дека Заев ја попречувал истрагата

Објавено пред

Зоран Заев е повторно фатен во криминал. Секој ден се повеќе се гледа неговата улога во рекет. Со секој изминат ден се потврдува дека тој е главата на криминалниот октопод, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, записникот од исказот на еден од сведоците во случајот ,,Рекет” потврдува дека Заев ја попречувал истрагата за случајот, со тоа што второосомничениот Зоран Милевски го известил дека сведокот го пријавил рекетот во обвинителството. Заев не само што лажеше дека прв го пријавил случајот, туку и застанал на патот на правдата и на страна на рекетарите.

,,Овој исказ е доволен Заев да биде повикан на распит во обвинителството. Аболицираниот Заев е на чело на оваа рекетарска банда, единственото прашање кое остана неодговорено е колкав дел од колачот земал тој, односно колку милиони од скапите чанти завршиле во неговата канцеларија на Илинденска бб.

Паничните реакции на главата на октоподот и обидите за цензурирање на медиумите нема да успеат. Македонската јавност го гледа криминалното лице на Зоран Заев. Рускоска по ваквиот исказ на сведокот, најмалку што требала да направи е да го повика Зоран Заев да даде исказ во обвинителството, но наместо тоа Рускоска по стапките на Заев се закани на медиумите кои го објавија овој документ. Со ова Рускоска докажува дека е соучесник во криминалниот октопод на СДСМ.Правдата ќе биде задоволена, а вистината ќе победи. Деновите на Заев во премиерската фотелја се избројани. Со секоја негова панична изјава, тоне се подлабоко и подлабоко”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Промените во партијата значат нова енергија, а белиот дворец останува симбол на криминал

Објавено пред

Опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски останува длабоко заглавена во матрицата на Никола Груевски, која сака да ја врати државата назад во темното минато на изолација и неизвесност, велат од СДСМ, од каде што додаваат дека белиот дворец и натаму останува симбол на одбрана на криминалот.

„Од друга страна, СДСМ постојано се менува во интерес на граѓаните и државата. Последните промени во раководството на партијата се нова дополнителна енергија за забрзување на напредокот“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и другите членови на рекетарската банда?

Објавено пред

„Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболиран премиер во Европа. Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев, кој е на чело на операцијата за рекетирање политичари, бизнисмени, македонски граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, сите слушнаа како Боки 13 го споменува името на Зоран Заев во една од аудиоснимките на „Ла Верита“ и како тој нема да прави проблеми за рекетот. Сите слушнаа како Боки 13, по рекетот, заминува на средба со Заев. Сите, освен Русковска и Јовевски, кои на прес-конференција лажеа и тврдеа дека нема вмешано политичари во аферата „Рекет“.

„Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и другите членови на рекетарската банда, што се случи со градоначалниците на СДСМ, кои потпишуваа меморандуми за соработка со невладината организација на чие чело беше Боки 13, а за која сега постои основано сомневање дека служела за перење пари.

Дали „истрагата“ на Русковска не се проширува бидејќи и самата знае дека доколку таа ги зафати пипалата на октоподот, ќе се стигне до главата? Зошто Русковска упорно го штити и амнестира Зоран Заев? Правда во Македонија одамна нема, правната држава ја укина човекот кој никогаш не се соочи со правдата, човекот што трипати е амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев.

Но, вистината секогаш излегува на виделина, Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи уште малку време, за да краде и рекетира. Деновите во премиерската фотелја му се избројани. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална рекетарска банда на чело со Зоран Заев и тогаш тој ќе одговара за сите злодела и криминали, а ќе одговараат и оние што се ставија во заштита на криминалот наместо да го гонат“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 минути

Пожар во селото Опеница, чадот се шири накај Охрид

Пожар од вчера попладне го зафати селото Опеница, кое се наоѓа на 8 километри од Охрид, а силниот чад се...

Европа60 минути

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион1 час

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт1 час

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија2 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт2 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет14 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија16 часа

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија17 часа

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет17 часа

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа18 часа

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија21 час

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион21 час

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија23 часа

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија1 ден

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија1 ден

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Македонија1 ден

Владејачката партија најавува за 5 отсто повисоки плати во образованието од септември

Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата...

Македонија1 ден

До вторник во попладневните часови ќе врне дожд

Од денеска до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите најавуваат услови...

Свет2 дена

Домородец од Амазонија: Ќе ја дадам последната капка крв за да ја спасам шумата

Додека пожарите беснеат во Амазонија, припадниците на бразилското племе Мура ветија дека ќе се борат за својата земја. Најголемата шума...

Македонија2 дена

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Досие