Контакт

Соопштенија

Алијанса за Албанците: ДУИ именува Македонци во агенцијата за правилно спроведување на албанскиот јазик

Објавено пред

Застапеноста на Албанците продолжува да биде запоставена дури и во институциите што се раководени од Албанците, велат од Алијансата за Албанците.

„Агенцијата за спроведување на законот е новоосновано тело кое го надгледува спроведувањето на законот за употреба на јазиците, што беше донесен од страна на пратениците во Собранието. Оваа институција има обврска да го контролира спроведувањето на законот за употреба на јазиците, и албанскиот јазик како втор најзборуван јазик на државно ниво. Затоа, Алијанса за Албанците смета дека во оваа институција мнозинството вработени треба да бидат Албанци“, се наведува во соопштението од партијата.

Се поставува прашањето, додаваат од таму, како кадарот на ДУИ преку вработување на други националности ќе го контролира спроведувањето на законот за употреба на албанскиот јазик, кога во клучните раководни позиции се вработуваат Македонци.

Од АА велат дека на конкурсот за вработување за вкупно пет работни места, вработени се тројца од македонска националност, еден Албанец и еден ром.

„Државен советник за лекторирање – од македонска националност. Државен советник за владина соработка и односи со јавност – од македонска националност. Раководител на одделот за соработка со Владата на Република Северна Македонија, Сектор за поддршка на директорот – македонска националност. Раководител на одделот за лекторирање, Сектор за превод и лекторирање – Албанец. Соработник за мониторинг, промовирање и заштита на употребата на јазикот, Сектор за планирање, координација и развој – од ромска националност. Вистина е дека застапеноста и дениграцијата на Албанците во државните институции продолжува“, велат од АА.

Соопштенија

(Видео) Андоновска: Филипче со своите изјави создава само паника меѓу граѓаните

Објавено пред

Ситуацијата со коронавирусот му излегува од контрола на министерот за здравство, Венко Филипче, изјави на денешната прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече таа, наместо смирување на населението и превенција, Филипче со своите изјави создава само несигурност и паника меѓу граѓаните.

„Филипче вели дека има основи материјали, како маски, средства за дезинфекција, но сите луѓе се жалат. Зошто не се грижите да се набават овие основни средства да ги имаат сите од примарното здравство, матичните лекари па сè до терциерното здравство и болниците? Зошто сите лица кои работат на граничните премини немаат опрема за заштита? Имате ли министре евиденција колку лица влегле во државава од најзафатените подрачја со коронавирус преку граничните премини и аеродромите и зошто немате контрола на истите?“, се дел од прашањата која Андоновска ги упати на адреса на министерот за здравство.

Таа истакна дека Филипче потфрлил со организација, но како што кажа, на сета неорганизираност ќе ѝ се стави крај на 12 април.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири паника, ситуацијата со коронавирусот е под контрола

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, ситуацијата е под контрола, реагира СДСМ на прес- конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО- ДПМНЕ, која обвини дека власта нема капацитет да се справи со вирусот.

„Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните. Ситуацијата е под контрола, откако вчера беше потврдени првиот случај на лице заразено со коронавирус во земјата, институциите се подготвени за брза реакција и ги преземаат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи. Додека сите институции се ставени во функција за справување со вирусот Ковид-19, ВМРО-ДПМНЕ во препознатлив стил се обидува преку лаги и конструкции да добие ситно дневнополитички поени“, реагира СДСМ.

Граѓаните, додаваат од партијата, вклучувајќи го тука ВМРО-ДПМНЕ треба да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Владата неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин

Објавено пред

Владата е неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин, обвини Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Корона вирусот стигна и во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос. Изразуваме огромна загриженост поради слабиот капацитет за организација на Владата и сите надлежни да се одговори на вака сериозна ситуација во која е загрозено здравјето на граѓаните. Во Македонија се детектираше првиот заразен со корона вирус, но, Филипче не знае да ја информира јавноста како жената стигнала до Клиниката за инфективни болести. Сегмент што е многу важен за превенција од корона, и кој говори дали има контрола на граничните премини или не. Филипче и надлежните кажаа различни работи. Прво, кажаа ‘сама заминала на Клиниката’, потоа кажаа ‘беше спроведена до Клиниката’, за да на последниот прес синоќа Филипче каже сосема спротивна и најнова верзија или дека ‘не кажала на граница дека е болна’“, рече таа.

Според Стојаноска, загрижува и фактот што Владата повикува на користење средства за заштита меѓу кои и маски, но, како што кажа, наместо да овозможи достапност на маските, цените се енормно покачени, а од Владата нема никаква реакција.

„Во целата ситуација, Владата покажува слабост и во делот на карантините. Едноставно нема соодветни капацитети за спроведување карантин за да се одговори на ситуацијата. Подготвени сме да им помогнеме, им стоиме на располагање за помош. Во оваа неорганизираност едно е јасно, од 12 април граѓаните ќе видат што е навремена и соодветна здравствена услуга“, рече Стојанова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Се откажува карневалот „Прочка“ во Прилеп

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на прес-конференција ја информираше јавноста дека почитувајќи ги препораките од Министерството за здравство и...

Македонија49 минути

(Видео) Патникот кој на 22 февруари се вратил од Италија нема коронавирус

По извршените анализи утврдено е дека патникот кој од Италија се вратил во Струмица на 22 февруари и пријавил дека...

Македонија1 час

(Видео) Гаши: Нашата битка не е со СДСМ и Беса, туку ДУИ да замине во опозиција

За лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, коалицијата СДСМ-Беса не е пречка на патот кон освојување на албанскиот електорат. Како што...

Македонија2 часа

Јовановски нуди гаранција од 142 илјади евра за да излезе од притвор

Првообвинетиот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 нуди имот во вредност од 142 илјади евра за да биде...

Македонија3 часа

Владата препорача откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март, спортските натпревари да се играат без публика

Во насока на натамошна превенција од коронавирусот, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот...

Македонија4 часа

Обвинителството отвори предмет за паднатата фасада на зградата на МЕПСО

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО,...

Свет6 часа

Саемот за автомобили во Женева се откажува првпат во 79 години поради коронавирусот

Првпат во 79 години, поради коронавирусот, откажан е саемот за автомобили во Женева, објавија швајцарските медиуми. Голем број други јавни...

Регион7 часа

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна...

Топ8 часа

Скопјанец украл паричници од факултет и приватна болница, па со картичките пазарел во маркети

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 40-годишен скопјанец кој крадел паричници, а потоа правел трансакции во маркети. Како што јавија од...

Македонија8 часа

Обвинителството нема да покрене постапка за продажбата на МРП-вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по...

Свет8 часа

Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија,...

Свет9 часа

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет9 часа

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Европа19 часа

Канада веќе нема да ангажира тимови за обезбедување на Меган и Хари

Канада веќе нема да врши безбедносни услуги за британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската влада, откако двојката...

Европа20 часа

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД одложено за мај

Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го...

Регион21 час

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа23 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија23 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија1 ден

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија1 ден

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Досие